Папата Фрањо: Во Европа се подигаат невидливи ѕидови

Во својата видео порака до учесниците на средбата „Заедно за Европа“, Светиот Отец предупреди дека покрај некои видливи ѕидови се подигаат исто така и оние невидливите кои би сакале да го поделат Европскиот континент.

Драги пријатели „Заедно за Европа“

Во Монако во Баварија се сретнаа многу движења и групи од различни Цркви и Заедници во рамките на ова ваше собирање со наслов „Средба – помирување – иднина.“

Во право сте. Сега е времето за средба и за соочување – во вистински европски дух – со проблематиката на нашето време. Покрај некои видливи ѕидови се подигаат исто така и оние неидливите кои би сакале да го поделат овој континент. Тоа се ѕидовите кои се подигнаат во срцата на луѓето; ѕидови составени од страв и агресија, од недостаток на разбирање за луѓето со друго потекло или поинакво религиско уверување; ѕидови на политички и економски егоизам и без почит кон животот и достоинството на секој човек.

Европа се наоѓа во комплексен свет кој е во силно движење; кој станува сѐ повеќе глобализиран и помалку европоцентричен.

Ако ги препознаеме овие големи проблеми треба да собереме храброст и да кажеме: Потребна ни е промена! Европа е повикана на размислување и преиспитување: припаѓа ли нејзиното огромно наследство – исполнето со христијанство – на некој музеј или сѐ уште е способно да ја вдахнува културата и со своето богатство да го обдари целото човештво. Се собравте заеднички да се соочите со овие предизвици отворени за Европа и на светлината на денот да посведочите на цивилното општество кое делува вмрежано за да ги прегрне и да им искаже солидарност на најслабите и несреќните, за да градат мостови за надминување на конфликтите – дали отворени или прикриени.

Историјата на Европа е историја на повторни средби помеѓу небото и земјата: Небото покажува отвореност за трансценденција, отвореност кон Бог преку што европскиот човек отсекогаш се истакнувал додека земјата ја претставува неговата практична и конкретна способност да се соочи со ситуациите и проблемите.

И вие исто така како христијански Заедници и движења сте изникнале од Европа, носители сте на повеќе харизми, Божји дарови за да ги ставите на располагање на сите, „Заедно за Европа“ е кохезиска сила која има јасна цел, спроведување на вредностите – во основа христијански – во конкретен одговор на предизвиците на континентот во криза.

Вашиот начин на живот се заснова на взаемната љубов живеена во евангелската радикалност. Културата на реципроцитет значи меѓусебно среќавање, прифаќање, почитување и подржување. Значи да се ценат различностите на харизмите на начин заеднички да се стремите за единство и да се збогатувате. Јасно и опипливо е Христовото присуство меѓу вас, тоа е сведоштво кое поттикнува на верување.

Секое веродостојно единство живее од богатството на своите различности од кои што се состои – како семејството кое сѐ повеќе е обединето, кога секој од неговите членови во својата длабочина е послободен од стравот. Ако цела Европа сака да биде едно семејство на народите тогаш во центарот повторно нека ја стави човечката личност; нека биде отворен континент кој прифаќа; нека продолжи да ги остварува разните облици на сорабтока – не само економски – туку и општествени и културални.

Бог секогаш донесува новости. Колку пати веќе тоа сте го искусиле во својот живот! Дали и денес исто така сме отворени за Неговите изненадувања? Вие кои храбро сте одговориле на Господовиот повик повикани сте да ја покажете неговата новост во својот живот и така да направите да процветат и да вродат плодови на Евангелието, плодови изникнати од христијанските корени кои веќе 2000 години ја хранат Европа. И ќе донесете уште поголем род од тоа! Одржувајте ја свежината на својата харизма. Живо одржувајте го своето заедништво и проширувајте го! Направете ги своите домови, заедници и градови центри на заедништво, пријателство и братство, способни да прифаќаат и да бидат отворени за целиот свет.

„Заедно за Европа“? Денес тоа е потребно од било кога. Во Европа која има толку народи, живо сведочете дека сме синови на едниот Отец и браќа и сестри меѓусебно. Вие сте скапоцено семе на надежта (потребно) за Европа повторно да го открие своето звање и за да придонесе за единство на сите.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот