Папата во авионот одговараше на новинарски прашања

При враќањето од Апостолската посета од Босна и Херцеговина кон Рим, папата Фрањо одговараше на новинарски прашања меѓу кои беа за Неговата следна посета во Хрватска како и за феноменот Меѓугорје, за војната/мирот во светот, како и за средбата со младите.

На враќањето кон Рим, Светиот Отец како и обично во авионот одговараше на прашањата на новинарите. Едни од прашањата се однесуваа за посетата на Хрватска како и за Неговото мислење околу феноменот Меѓугорје. Папата кратко одговори како Бенедикт XVI во свое време ја формира комисија со која претседаваше кардиналот Камило Руини, кој по завршувањето на работата, му ги предаде студиите. Во врска со ова сеуште ништо не е одлучено. За сега се размислува само за поединечни насоки за епископите, кои благовремено ќе бидат објавени.

На прашањето за посетата во Хрватска Светиот Отец рече дека не знае кога би можело тоа да се случи. Се сеќавам на прашањето кое ми го поставивте кога бев во Албанија, за тоа како ги започнав своите посети во Европа со државите кои не припаѓаат на Европската Заедница, на кое одговорив дека тоа е знак. Би сакал посетите во европските држави да ги започнам од оние најмалите и тоа од Балканот, со маченичките земји каде што луѓето многу страдале. Толку страдале и заради тоа кај мене имаат предност – заклучи Папата.

На прашањето како во своите претходни изјави знаел да го спомене намерното поттикнување на атмосферата за војната; во што се вклопува на некој начин исто така и она што им го зборуваше на младите – дека има некои кои зборуваат за мирот, но сепак зад грб продаваат оружје; и дали може малку подлабоко да го продлабочи, папата Фрањо рече дека лицемерството секогаш е присутно. Заради тоа и реков дека не е доволно да се зборува само за мирот, туку дека треба да овозможува и изградува. Треба да го овозможи оној кој само зборува за мирот, а не придонесува ништо за него. Тој се противречи и оној кој зборува за мир, а поттикнува војна – на пример со продавање на оружје – тој е лицемер – едноставно заклучи Папата.

Следното прашање се однесуваше на средбата со младите. Светиот Отец детално ја опиша потребата да се внимава од изборот на она што се чита или на она што се гледа. Иако не спомна ниту еден збор: порнографијата туку расипана или гнасна фантазија, можеби би можеле за ова нешто повеќе да кажете. Папата рече дека душата која премногу се приврзува на компјутерот, оваа приврзаност му ја одзема слободата; од човекот прави роб и му наштетува. Напомена дека во многу семејства забележува дека младите – иако заедно на иста трпеза со родителите – се во својот свет на паметните телефон (смартфони).

Виртуелниот свет навистина постои кој не може да го негираме, но треба да го насочиме кон добро. Кога тоа нас нѐ одвојува од заедницата; од семејниот и социјален живот, па дури и од спортот и уметноста тогаш тоа е една психолошка болест. Постојат и валкани работи; порнографија или полупорнографија, како и многу разни празни програми кои немаат никаква вредност. На пример програмите кои промовираат релативизам, хедонизам или консумизам. Таквите работи се рак на општеството, за кои ќе зборувам во следната енциклика, која ќе излезе во печат овој месец (јуни). На крајот Папата им се заблагодари на сите за организирањето на оваа посета препорачувајќи се во нивните молитви.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот