„Оние кои го слушат Словото Божјо и го чуваат“ – тоа за Исус е поим за семејство; семејство „пошироко од она во кое се доаѓа на свет“ – рече папата Фрањо на почетокот на својата проповед, на светата Литургија на 26 септември 2017 година, во домот Света Марта.
Вдахнат од зборовите од денешното Евангелие според Лука, каде Господ, „мајка“, „брат“ и „семејство“, ги нарекува оние кои околу Него се собирале и Го слушале. Папата рече дека тоа нè поттикнува „да мислиме на поимот близина или семејност со Бог и со Исус,“ што е повеќе од она да се „биде ученици“ или „пријатели“. Сепак, тоа не е ниту „формален“, ниту „културен“, а ниту „дипломатски“ став – истакна Светиот Отец. „Што значи тој збор (блискост) кој го користеле духовните оци на Црквата и нас нè поучуваат?“
Тоа пред сè значи „влези во Исусовата куќа; влези во таа атмосфера, искуси ја. Таму живеј, контемплирај и биди слободен. Бидејќи децата се слободни; оние кои живеат во Господовата куќа се слободни; оние кои Го познаваат се слободни. Другите се – ако се послужиме со зборовите од Библијата – „деца на робинката“ – така да кажеме. Христијани се, но не се осудуваат да „пријдат“; не се осудуваат на близок, семеен однос со Господ и секогаш постои некаква „дистанца“ која ги одделува од Господ“ – обајсни Папата.
Но, близината со Исус – како што нè учат големите светци – исто така значи „да се биде со Него“, да Го гледаме, да ги слушаме неговите зборови, да настојуваме да ги практикуваме, да разговараме со Него.“ Тоа е молитва – рече папата Фрањо – тоа е молитва која го отвора патот: „Господи, Ти што мислиш?“ – тоа е близина, нели? Света Тереза зборувала дека насекаде го наоѓа Господ; била со Него блиска, па дури и меѓу кујнскиот прибор! Близина со Господ…“ – рече Папата.
Конечно, близина е и „да престојуваш“ во Исусовото присуство како што Тој самиот тоа го советува на Последната вечера или како на почетокот на Евангелието, кога Иван Крстител вели: Еве Го Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот“ и Андреј и Иван врват по Исус“ – и како што пишува – Останаа со Него (целиот) тој ден“ – објасни Светиот Отец.
Тоа е став на близина, а не она што некои добри христијани – кои се држат подалеку од Исус, велат – „ти таму, а јас овде.“ „Да зачекориме кон тој став на близина со Господ. Христијанин кој е со своите проблеми; кој влегува во автобус, во метро и разговара со Господ или барем знае дека Господ го гледа и дека му е во близина – тоа е близина, близина; кога се чувствуваш член на Исусовото семејство. Нека Господ ни ја даде таа милост“ – посака на крајот од својата проповед папата Фрањо.
РВ/к.мк