Папата: Бог не е рамнодушен
Во Светото Писмо Божјото милосрдие е присутно во текот на целата историја на Израелскиот народ – истакна Светиот Отец во катехезата на Генералната аудиенција на 27 јануари на плоштадот Свети Петар.
Во Светото Писмо Божјото милосрдие е присутно во текот на целата историја на Израелскиот народ – истакна Светиот Отец во катехезата на Генералната аудиенција на 27 јануари на плоштадот Свети Петар. По аудиенцијата Папата повика на учество во еднодневните духовни вежби за каритативните работници кои во Великиот пост ги организира Папскиот совет Cor Unum.
Со своето милосрдие Господ го придружува одењето на патријарсите, им подарува потомци и покрај неплодноста; ги води по патиштата на милостите и помирувањата како што покажува историјата на Јосиф и неговите браќа (Битие 37-50). На ум ми доаѓаат бројните скарани браќа во семејствата кои не разговараат едни со други. Оваа Година на милосрдието е добра можност повторно да се сретнат, да се прегрнат, да си простат и да ги заборават лошите работи – рече Папата.
Знаеме дека животот на народот во Египет им бил тежок. И токму кога Израелците речиси подлегнале се појавува Господ и ги спасува. Во книгата Исход читаме: „А по многу време умре царот египетски. А синовите Израилеви уште офкаа од маките и викаа; и пискотот нивни од тешките работи дојде до Бога. И Бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова. И погледна Бог на синовите, и се смили над нив.“ (Исход 2, 23-25) Милосрдието не може да биде рамнодушно пред страдањето на угнетените, на крикот на оној кој е подложен на насилство, поробен и осуден на смрт – рече Светиот Отец додавајќи:
Таа болна реалност го погодува секое време, па и ова нашето; затоа често се чувствуваме немоќни, поттикнати да го скротиме срцето и да мислиме на други работи. Напротив Бог не е рамнодушен (Порака за Светскиот ден на мирот 2016 година); никогаш не го одвраќа погледот од човечките болки. Бог на милордието одговара и се грижи за сиромашните, за оние кои на цел глас го покажуваат својот очај. Бог слуша и спасува, подигнувајќи луѓе кои се способни да го слушнат крикот на трпењето и да се заземат за угнетените – истакна Светиот Отец.
Така започнува и историјата на Мојсеј како посредник за спасението на народот. Се соочува со фараонот за да го увери да го пушти Израелот; а потоа кон слободата ќе го води народот преку Црвеното Море и низ пустината. Мојсеј веднаш по раѓањето е спасен од смртта на водите на Нил преку божественото милосрдие, станува посредник на тоа исто милосрдие, овозможувајќи му народот да се роди за слобода, избавен од водите на Црвеното Море. И ние во оваа Година на милосрдието можеме со своите каритативни дела да бидеме посредници за милосрдието за да се приближиме на другите, да им пружиме утеха и да промовираме единство. Многу добри дела можат да се направат – рече Папата.
Божјото милосрдие секогаш делува за да нè спаси. Сосема е спротивно од делата на оние кои секогаш делуваат за да убиваат: на пример оние кои водат војна. Господ преку својот слуга Мојсеј низ пустината го води народот како син; го воспитува во верата и со него склопува сојуз, создавајќи многу силна врска на љубов – како она која таткото ја има со синот, а свршеникот со свршеницата – каречежа папата Фрањо.
До таму достигнува Божјото милосрдие, Бог предлага однос на посебна, исклучива и привилигирана љубов. Кога Мојсеј дава упатства гледа во сојузот, вели: „Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот мој, ќе ми бидете народ избран меѓу сите народи, зашто Моја е земјата цела. И вие ќе ми бидете царство на свештеници и народ свет“ (Исход 19, 5-6).
Навистина Бог веќе ја поседува целата земја затоа што ја создал; но народот за Него станува поинаков, посебен посед: неговата лична „залиха на злото и сребро“ како она за која царот Давид говорел дека ја дарувал за изградбата на храмот. Токму тоа стануваме за Бог прифаќајќи го Неговиот сојуз и препуштајќи се Тој да нè спаси. Господовото милосрдие го прави човекот скапоцен како лично богатство кое му припаѓа, кое Тој го чува и кое му е мило – истакна Светиот Отец.
Овие се чудесата на Божјото милосрдие кој својата полнина ја постигнува во Господ Исус; во новиот и вечниот сојуз склучен со Неговата Крв, која со простувањето го уништува нашиот грев и засекогаш нè прави деца Божји (1 Ив 3, 1) – скапоцени камења во рацете на добриот и милосрдниот Отец. Ако пак сме деца Божји и ако можеме да го имаме тоа наследство – на добрина и милосрдие – во односот со другите, да го молиме Господ и ние во оваа година на милосрдието да правиме дела на милосрдието – поттикна Папата, додавајќи:
Да го отвориме своето срце за да стигнеме до сите со делата на милосрдието, милосрдното наследство кое Бог Отецот го има со нас – заклучи Папата, а потоа потсети на Папскиот совет Cor Unum дека во Великиот пост организира еднодневни духовни вежби за каритативните работници. Повикувам да се прифати тој предлог користејќи ги упатствата и помагалата на Советот Cor Unum.
РВ/к.мк