Папата: Бог е заљубен во нас, а ние сме Неговиот сон

Бог е во нас заљубен, а ние сме Неговиот сон; ниеден теолог тоа не може да го објасни, единствено можеме да плачеме од радост – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 16 март во капелата на домот Света Марта.

Бог е во нас заљубен, а ние сме Неговиот сон; ниеден теолог тоа не може да го објасни, единствено можеме да плачеме од радост – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 16 март во капелата на домот Света Марта.

Тргнувајќи од првото читање од пророкот Исаија, кој зборува за Божјото создавање на „ново небо и нова земја“, Папата истакна дека второто создавање е „почудесно“ од првото, бидејќи Бог во Исус Христос го обновува светот уништен со гревот. Во таа обнова на сè, Бог неизмерно се радува – рече Светиот Отец, додавајќи:

Гледаме дека Бог е полн со ентузијазам. Зборува за радоста: „Ќе се веселам за мојот народ;“ Бог размислува за она што ќе го направи: ќе се весели со својот народ. Изгледа како Бог да сонува: и во Неговите соништа сме ние. Колку ќе биде тоа убаво кога сите ќе бидеме заедно; кога ќе се најдеме таму. Јас тогаш ќе се веселам! За тоа подобро да го разбереме може да ни помогне мечтаењето на среќните свршеници: „Кога ќе бидеме заедно, кога ќе се ожениме…“ Бог така сонува – рече Папата.

Бог мисли на секого од нас, нè љуби и за нас сонува. Размислува за својата радост на заедништвото со нас. Бог сака „повторно да нè создаде“ за да триумфира радоста. Дали некогаш сте размислувале за тоа: Бог ме сонува, мисли на мене; во Неговите мисли сум и во срцето. Бог може да го промени мојот живот! Бог мечтае како што тоа го прават заљубените луѓе. Бог е заљубен во својот народ. А кога му вели: Не те одбрав, бидејќи си најсилен, најголем, најмоќен, туку бидејќи си најмал од сите. Може да се каже и „најбеден“. Таков те избрав, тоа е љубов – рече Светиот Отец.

Ниту еден теолог не може да ја објасни Божјата љубов кон нас. Бог е заљубен во нас – повтори Папата осврнувајќи се на делот од Евангелието по Иван кој зборува за оздравувањето на синот на царскиот човек. Бог може да го промени нашиот живот. Но, што треба да направам? – Да верувам дека Бог може да ме промени; да верувам како царскиот човек во Неговата моќ: „Господи, дојди додека уште не умрело детето мое! – рече Папата.

„Оди си! Твојот син е жив!“ – му вели Исус. Човекот поверувал на Исусовите зборови. Верувал дека Исус може да го оздрави неговото дете и победил. Да веруваш значи да создадеш простор за моќната Божја љубов, бидејќи Бог е заљубен во мене и заедно со мене сака да се радува. Тоа е вера, а да веруваш значи: Да му овозможам на Бог да дојде и да го промени мојот живот – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.

Категорија: Ватикан

За авторот