После молитвата Ангел Господв на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, папата Фрањо благослови 6.000 Бројаници за католиците во Сирија, кои по иницијатива на Папската фондација „Црква во неволја“ ги направија сестрите Кармилјанки од Вителлем.
Ја изразувам својата близина со населението во повеќе земји од Јужна Азија, кои се страшно погодени од монсунските дождови – рече Папата после молитвата Анге Господов и истакна: Молам за жртвите и раселените лица, за сите семејства кои останаа без своите куќи. Господ нека и даде сила на нив и сите кои им помагаат.
Денес во Ченстохова во Полска, се собраа многу поклоници како би го прославиле празникот Вознесение на Богородица и 100. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Светиот Престол и Полска – рече Папата и додаде: Ги поздравувам сите кои се собраа под нозете на Црната Богородица и ги поттикнувам да молат за целата Црква. Истовремено ги поздрави и сите останати присутни верници и поклоници.
Потоа замоли со молитва да го придружат благословот на 6.000 Бројаници кои за браќата во Сирија ги направија сестрите Кармилјанки од Вителлем, Бројаниците се направени по иницијатива на Папската фондација „Помош на Црквата во неволја“. Денес на овој голем богородичен празник, ги благословувам овие Бројаници, кои ќе бидат поделени на католичките заедници во Сирија како знак на мојата близина, посебно со семејствата кои изгубле некој во војната. Молитвата која се моли со вера е моќна! И понатаму да молиме Бројаница за мир на Блискиот Исток и во целиот свет. На сите ви посакувам среќен празник Вознесение на Богородица – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк