Примајќи ги во аудиенција професорите и студентите од Папскиот теолошки факултет „Marianum“ папата Фрањо истакна дека времето во кое живееме, е Маријанско време; Таа е мајка која го обновува животот и жена која води грижа за Божјиот народ. Колку жени го немаат достоинството кое им припаѓа – истакна Папата.
Да одиш во училиштето на Марија значи да одиш во училиштето на верата и животот – со тие зборови папата Фрањо ја опиша смислата и перспективата на истражувањата на Папскиот теолошки факултет „Marianum“ од Рим доверен на Сервитите односно на Редот на слуга на Блажена Дева Марија, примајќи ги во аудиенција професорите и студентите на таа институција по повод 70. годишнината од нејзиното основање. Станува збор за мариологија која треба да се живее токму во маријански стил, соработувајќи со другите институции, внимателни на знаците на маријанското време, чистејќи ја понекогаш народната побожност, внесувајќи ја во културата исто така преку уметноста и поезијата убавината која очовечува и влева надеж – рече Папата.
Папата во размислувањето истакна два силни поими за Марија, како мајка и како жена. Потсетувајќи дека живееме во време на Вториот Ватикански собор, мариологијата црпи сила од соборската конституција „Lumen gentium“ – рече Папата, и појдувајќи од тоа, во времето на Марија е потребно повторно да се открие убавината на Дева Марија, одејќи во центарот на нејзиното таинство.
Најдобра од сите мајки способна да ги направи побратски Црквата и светот. На Црквата е потребно – рече папата Фрањо, да го открие нејзиното мајчинско срце кое чука за единство; но таа е потребна и на нашата земја за повторно да биде дом на сите нејзини деца, во која сите сме брќа и каде има место за сите луѓе кои ги отфрлило нашето општество. Потребно ни е мајчинството, некој кој нежно раѓа и го обновува животот затоа што само дарот, грижата и солидарноста го држат заедно човечкото семејство. Да го замислиме светот без мајки; тој нема иднина; користа и профитот сами не даваат иднина, уште повеќе понекогаш ја зголемуваат нееднаквоста и неправдата. Мајките напротив му даваат на секое дете да се почувствува како дома и да му дава надеж.
Од Новиот завет до Евангелијата, Марија е жена, нова Ева која од Кана до Голгота посредува за нашето спасение. Таа е жена облечена во сонце која води грижа за Исусовите наследници. Мајка која од Црквта прави семејство, жена која нè прави народ. Папата Фрањо потоа се осврна на богородичните народни побожности и ги поттикна присутните внимателно да ја следат, да ја набљудуваат, а понекогаш и прочистуваат. Посебно ги повика да бидат внмателни на знаците на маријанското време.
Меѓу нив е токму улогата на жената, важна за историјата на спасението за Црквата и за светот. Но, колку жени го немаат достоинството кое им припаѓа – истакна Папата. Жена која го донела Бог на светот, треба да ги донесува своите дарови во историјата. Потребна ни е нејзината надареност и стил. Мариологијата е повикана да бара подостоинствени простори за жената во Црквата, започнувајќи од заедничкото крштелно достоинство.
Маријанската братска институција е повикана да ги прошири хоризонтите, не плашејќи се да ги отвори – напомена Папата. Марија е мајка која нè поучува на уметноста на средбата и заедничкото одење. Затоа е убаво како едно големо семејството, на „Marianum“ да се собираат различни теолошки и духовни традиции кои водат екуменски и меѓурелигиски дијалог – напомена папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк