Папата Фрањо во понеделник 11 декември 2023 година во аудиенција ги прими префектите на Италијанската Република и истакна дека е важно да се примат, следат, промовираат и интегрираат луѓето кои пристигнуваат во земјата, како што се децата кои не се родени во Италија. Поради тоа што бегалците помагаат кога добро се интегрираат
Мигрантите треба да бидат примени, следени, унапредени и интегрирани како деца, оние кои не се родени во Италија, но ако нема пат кон интеграција, се појавуваат опасности – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенција префектите на Италијанската Република.
Светиот Отец се осврна на еден од трите најголеми предизвици, како што се миграциските текови, со кои се справуваат и се соочуваат со нив поддржувајќи ги суштинските потреби на бегалците и слушајќи ги стравувањата на жителите.
Други предизвици со кои се соочуваат префектите се оние кои се однесуваат на јавниот ред, усогласувањето на законитоста и хуманоста и еколошките кризи, поврзувајќи ги јавните и приватните работници, со цел навреме и со предвидливост да се заштити нашиот заеднички дом.
Ватикан њуз/к.мк