Папата: Адвентското време е подготовка за средба со Господ

Папата: Адвентското време е подготовка за средба со Господ

Денес започнува времето на исчекување – Адвент кое ќе заврши на Божиќ – рече папата Фрањо во текот на својот пладневен наговор на плоштадот Свети Петар на 3 декември 2017 година.

Денес започнува времето на исчекување кое ќе заврши на Божиќ – рече папата Фрањо во текот на својот пладневен наговор на плоштадот Свети Петар на 3 декември 2017 година и продолжи: Адвентот е време кое ни е дадено за да го прифатиме Господ кој ни доаѓа во пресрет за да ја провери нашата желба за Бог, за да гледаме напред и да се подготвиме за повторното доаѓање Христово. Тој ќе се врати кај нас на празникот Божиќ кога ќе се сеќаваме на неговото историско доаѓање во скромни човечки услови; но Он доаѓа во нашата внатрешност секојгаш кога сме подготвени да го примиме и ќе дојде повторно на крајот на времињата „да им суди на живите и на мртвите.“ Заради тоа – предупреди Папата – мораме секогаш да бидеме будни и да го чекаме Господ со надеж дека ќе го сретнеме. Денешната Литургија нè воведува токму во таа прекрасна тема за будноста и чекањето.

Во Евангелието Исус нè поттикнува – рече Светиот Отец – да бидеме внимателни и будни за да бидеме подготвени да го прифатиме во моментот на неговото враќање. Тој ни вели: „Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе дојде времето… па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете.“

Внимателна личност е она која во вревата на овој свет не дозволува да ја преплави растресеноста и површноста, туку живее во грижата за другите целосно и свесно. Со тој став стануваме свесни за солзите и потребите на ближните и можеме да ги прифатиме исто така човечките и духовните способности и дарови – истакна папата Фрањо и додаде: Внимателна личност се свртува потоа на светот, настојувајќи да се спротивстави на рамнодушноста и суровоста кои се присутни во него и да се радува на богатството на убавина која исто така постои и која мора да се чува. Треба да имаме чувство на разбирање за да ја препознаеме дали бедата и сиромаштвото на поединецот и општеството, дали сокриеното богатство во малите секојдневни работи, токму таму каде Господ нè ставил.

Човекот кој бдее, е оној кој го прифаќа повикот на бдеење, а тоа значи не дозволува да нè надвладее сонот на обесхрабрувањето, недостатокот на надеж, разочарувањето, и истовремено отрфрлањето на барањето на многу празни работи со кои изобилува светот и за кои често се жртвува личното и семејното време и спокојот – истакна Папата и продолжи: Тоа е болното искуство на Израелците за кое ни зборува Исаија: изгледало како Бог да го оставил својот народ да лута далеку од неговите патишта, а тоа било последицата на неверноста на самиот народ. И ние често сме неверни кога Господ нè повикува: Тој ни го покажува добриот пат, патот на верата и љубовта, но ние ја бараме својата среќа некаде на друго место.

Внимателни и будни се оние за кои претпоставуваме дека нема да продолжат да лутат далеку од патиштата Господови, загубени во своите гревови и неверството; така се создаваат услови Бог да може да продре во нашиот живот за да му ја врати смислата и вредноста, со своето присуство полно со добрина и нежност – нагласи Светиот Отец и повика: Пресвета Маријо, пример за исчекување на Бог и пример за бдеење, води нè на средба со твојот син Исус, оживувајќи ја нашата љубов кон Него.

Вчера вечерта се вратив од апостолското патување во Мјанмар и Бангладеш – рече папата Фрањо. Благодарам на сите кои ме придружуваат со молитвата и повикувам заедно со мене да му се заблагодарите на Господ што можев да ги сретнам тие народи, посебно католичката заедница и затоа што ме зајакнаа со своето сведоштво. Се сеќавам на многу лица на кои можев да ги видам животните искушенија, но беа насмеани и даваа благородност. Истите ги носам во срцето и во молитвата.

Во својата молитва посебно се сеќавам на народот во Хондурас за да може мирно да ги надмине сегашните тешкотии, рече на крајот Папата и ги поздрави сите присутни верници и ходочасници и на сите им посаќа среќен Адвент, препорачувајќи се како и обично во нивните молитви.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот