Папата до новите епископи: Бидете радосни сведоци на Евангелието
Бидете поблиску до народот, кога на сите ја сведочите Евангелската радост. Тоа беше повикот упатен од папата Фрањо до епископите, хиротонисани изминатава година. На аудиенцијата во четврток 18 септември, која помина во братска атмосфера, епископот на Рим го искористи моментот за да ги охрабри своите браќа да бидат „чувари, мажи способни да се грижат за нивата Божја, пастири, кои ќе одат пред стадото, меѓу него и зад него“. Папата ги охрабри да не ја губат вчудоневиденоста пред Божјата промисла ниту стравопочитта за да одат во Негово присуство и во присуство на Црквата:
„Секоја вистинска реформа на Христовата Црква, започнува од присуството на Христос, кое никогаш не недостасува, но и од присуството на пастирите, кои ја раководат во името на Исус“.
Внатрешен живот, ревност и упорност. Тоа се според Папата белезите на епископот:
„Немој да бидете епископи со одреден рок на траење, кои имаат постојана потреба да ја сменат адресата на живеење, како лековите кои ги губат лековитите способности или храните, кои веќе се непогодни за употреба и треба да се фрлат. Вашето звање не е да бидете чувари на едно заспано мноштво луѓе, туку да бидете чувари на Евангелската радост“.
Светиот Отец ја истакна важноста епископот да одвојува време за своите свештеници и „да ги прифаќа, ги сослушува и води“:
„Сакам да бидете епископи кои секогаш се на располагање, но не заради количината од средствата за комуникација со кои располагаат, туку заради внатрешниот простор, што го одделувате за состанок со луѓето. Божјиот народ кој ви е доверен народ има потреба од вашето трпение, за да го исцели, за да му помогнете да расте во верата“.
„Во современата пустина“, рече Папата, „потребно е да се придржуваме на трпението на Мојсеј“, без да се плашиме дека „ќе умреме како прогонети, туку да ја искористиме целата своја енергија до крај“:
„Нема ништо поважно од тоа да ги донесувате луѓето до Бог! Пред сè младите и возрасните. Чувајте ја ревносно љубовта за вистината. Не губете ја вашата енергија за спорови и недоразбирања, туку да се изградувате и сакате“.
РВ/В.Н.