Падре Пио: Сакајте ја Пресвета Богородица
Марија живеела во ритамот на отчукувањата на Словото. Нејзиниот живот е живот на ритамот на Словото. Затоа Марија нè учи да го усогласиме животот со тие отчукувања.
Често ги доверував на ова Мајка сите мачни стравови на своето возбудено срце. И често ме утешуваше. Кутрата Мајка колку е голема нејзината љубов кон мене. (…). Колку беше загрижена за мене кога утрово ме придружуваше до олтарот. Ми се чини дека на ништо друго не мислеше, туку само на мене додека срцето целосно ми го исполнуваше со свети чувствата. (свети Пио од Пиетрелчина).
Има многу работи што влијаат на нашето срце. Тоа не ретко е смрзнато од студенилото на меѓучовечките односи; рането од лузните на последиците на гревот; исплашено заради неспособноста за љубов. Заради стравовите и треперењата на сопствената немоќ срцето запаѓа во ритмичка дисхармонија. Срцеви отчукувања се аритмогени и доаѓа до неправилности во работата на срцето. Самиот живот станува загрозен. Каде што нема љубов, срцето е на умирање.
И кому да ги доверам тие мачни стравови на срцето? Во близината на Мајчиното Срце нашето срце чувствува утеха, засолниште и љубов. Љубовта на Мајчиното Срце е Пресветото Срце Исусово. Кој сака да го најде нејзиното срце, го наоѓа Неговото. Кој сака да ги слуша отчукувањата на нејзиното Срце, Таа ќе го научи да ги слуша Неговите. За да ги слушаме тие отчукувања учиме од Марија. Таа најдобро ги познава. Нејзиното Срце ги следело отчукувањата на Неговото Срце. Познат и е Неговиот ритам.
Марија живеела во ритамот на отчукувањата на Словото. Нејзиниот живот е живот на ритамот на Словото. Затоа Марија нè учи да го усогласиме животот со тие отчукувања. Секое отчукување е глас на Словото кој бара свој одек во другото срце. Слушањето на овој глас дава правилен ритам на работата на срцето. Го враќа во хармонија. Затоа во близината на Срцето е потребно да се впијат неговите чувства. Дозволи да бидеш исполнет со тие чувства за да почнеме да оздравуваме од неправилностите во работата на нашето срце. Ритамот на отчукувањата на Срцето е ритамот на љубовта. За Бог и ближниот.
Кој може да ја опиште утехата која ми ја овозможува драгата небесна Мајка!? Во ова замрзнато тело постојано чувствувам дека овде се вклучува Срце кое ме разгорува. (…) Кога би само имал толку силен глас за да го повикам целиот свет за да ја љуби Пресвета Богородица!“ (свети Пио од Пиетрелчина).
Фра3 нет/к.мк/Д.И.