Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 20 јануари 2021 година соопшти со оглед на моменталната здравствената опасност дека членовите на римската курија нема да можат да учествуваат заедно на духовни вежби, кои беа предвидени да се одржат во Casa Divin Maestro во Аричи.
Светиот Отец ги повика кардиналите кои живеат во Рим, поглаварите на дикастериите и раководителите во Римската курија да ги извршат самостојно духовните вежби,, повлекувајќи се на молитва од недела, 21 февруари попладне до петок, 26 февруари. Сите обврски на Светиот Отец ќе бидат откажани таа недела, вклучително и Генералната аудиенција во среда, 24 февруари, објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол
Ватикан њуз/к.мк