Отец Мурад: Моето заробеништво е повторно раѓање

Кога бев заробен, со врзани раце и со врзани очи, за чудење си велев: Одам кон слободата. Затворот беше за мене како едно ново раѓање.

Така сирискиот свештеник и монах Жак Мурад, игумен на манастирот на Мар Елијан, го сумираше своето духовно искуство во времето во кое бил лишен од слобода од џихадистите на „Исламска држава“. Според извештаите на новинската агенција Fides, станува збор за период кој почнал на 21 мај годинава, кога вооружени мажи го киднапираа свештеникот од манастирот во предградието на Ал – Карјатеин заедно со еден од неговите помошници и завршил на 11 октомври, кога отец Жак беше пуштен на слобода.

Во своето раскажување за затвореничкиот период пред арапската христијанска телевизија Noursat TV-Tele Lumiere, отец Жак меѓу другото си споменува кога служел Литургија во подрумот каде биле затворени повеќе од 250 христијани од Ал – Карјатеин киднапирани од џихадистите.

И покрај притисокот на „Исламска држава“, христијаните не го прифатиј исламот

„Христијаните – рече отец Жак – често биле испрашувани за нивната вера и за христијанската доктрина, но и покрај притисокот не преминале на ислам. Тие останаа верни на Светата Бројаница. Тоа искушение – додаде монахот од Сирија – ја зајакна верата кај сите, па дури и мојата вера како свештеник. Како да се родив повторно.“

Отец Мурад е дел од монашката заедница на Деир Мар Муса, основана од римскиот исусовец отец Паоло Дал Олио, кој исто така беше киднапиран во северниот дел на Сирија на 29 јули 2013, додека бил во Рака, упориште на џихадистите од т.н. „Исламска држава “.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот