Осум совети на папата Фрањо за среќен брак
Папата на свети Валентин на плоштадот Свети Петар се сретна со верените од целиот свет и им даде неколку конкретни совети за среќен и успешен брак:
1. Бракот е секојдневна работа. Можеме дури да кажеме дека бракот е како златарскиот занает. Сопругот би требало својата сопруга да ја направи подобра жена, а таа за возврат би требало на својот сопруг да го направи подобар човек. Така заедно растат во својата добрина, како маж и жена. Но за разлика од било која друга работа, бракот е обврска за цел живот. Тоа не треба да ве плаши. Бракот е нешто на кое заеднички работите, од ден на ден.
2. Љубовта е нешто што се случува. Таа е реалност која расте. Можеме да кажеме дека љубовта е како градење куќа. Куќата ја градете заедно, не сами!
3. Не можете да градете брак на минливи чувства. Напротив, бракот мора да се гради на нешто конкретно, на цврста и вистинска љубов која доаѓа од Бог.
4. Не е толку важно да имате долг брак, колку квалитетен брак.
5. Не смеете да заборавите на молитвата. Кога молиме „Оче наш“ кажуваме: лебот наш насушен дај ни го денес. Кога е во прашање бракот, можете да кажете: љубов наша насушна дај ни ја денес.
6. Да бидеш заљубен значи често да ги говориш овие три збора: смејам ли? благодарам и прости. Кога кажуваме „дали смеам?“ изразуваме пристојност, почит и внимание кон туѓиот живот. Знаеме ли да кажеме „благодарам“? За верените, идните сопружници важно е да сфатите дека вашиот партнер е дар од Бог. Кога ќе примите дар од Бог, кажете „Ти благодарам.“
7. Никој не е совршен. Рецепт за среќа е простување. Сите знаеме дека не постои совршено семејство или совршен сопруг и жена. Да не спомнувам совршена свекрва… Постоиме ние, грешници. Исус добро не познава и ни открива тајна: Никогаш не дозволувајте да помине ден, а да не се извините еден на друг.
8. Нека вашето славење биде автентично. Венчавката е христијанска прослава, не световна. Замислете си славење со пиење чај? Никако, без вино нема вистинско славење.
Битно нет/м-р Д.И.