Остри критики од Црквата во пресрет на посетата на Папата во Мексико

 Повторното апсење на шефот на мексиканскиот нарко лидер Жоакин Гузман, наречен Ел Чапо, во очите на бискупот Раул Вера Лопез од Салтил е спроведено поради посетата на Папата. Со тоа мексиканската влада само сака да направи впечаток дека земјата се поправува, слично како што направи и при неодамнешното намалување на цените на горивата.

„Уште само треба да си дадат самите на себе медал и да им кажат на граѓаните: „Еве го донесовме и Папата“, критички се осврна бискупот во дневниот весник „Ел Миленио“.

Во Мексико веќе стана традиција во пресрет на доаѓањето на некои важни луѓе од светот на политиката или религијата да се ставаат „завеси“, како сѐ да е во ред, рече бискупот Вера Лопез, кој е познат по неговите залагање за човековите права.

Уште летото, по второто бегство на Ел Чапо од затвор, изјави дека нарко лидерот ја разоткри целата корумпираност на правосудниот систем и лошата сосотојба на човековите права во Мексико, за што го извести и Папата.

Исто така и многу други црковни кругови бараат од власта повеќе да вложуваат во социјални програми и отворање на нови работни места, во зголемување на минималните плати и да се издвојуваат повеќе средства за безбедноста на граѓаните.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот