Основан нов дикастериј за лаици, семејство и живот
Папата Фрањо на 17 август 2016 година објави Моту проприо Sedula Mater, Грижлива мајка, со кој официјално го основа новиот Дикастериј за лаици, семејство и живот. Црквата, грижлива мајка, секогаш низ вековите се грижела за лаиците, семејството и животот, манифестирајќи ја љубовта на милосрдниот Спасител спрема човештвото“ – стои на почетокот од текстот.
„Внимателно разгледувајќи ги сите работи, со Нашата апостолска власт го основаме Дикастериумот за лаици, семејство и живот, со кој ќе управуваат посебни статути. Компетенциите и функциите кои досега припаѓаа на Папскиот совет за лаици и Папскиот совет за семејство ќе бидат пренесени на тој Дикастериј на 1 септември, со дефинитивен престанок на споменатите папски совети“ – стои во новиот документ на Светиот Отец. За префект на новиот дикастериј е именуван монс. Кевин Јозеф Фарел, досегашен бискуп на Далас во Соединетите Американски Држави.
Во краткиот документ, папата Фрањо истакнува како во улогата на врховен свештеник се грижи да „Дикастериумите на Римската курија бидат прилагодени на ситуациите на нашето време и одговараат на потребите на општата Црква“. Особено внимание се посветува на лаиците, семејството и животот, на кои сака да им „даде поддршка и помош, како би биле делувачко сведоштво на евангелието во нашето време и израз на добротата на Откупителот“.
Моту проприото е потпишан на 15 август 2016 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица. Да потсетиме дека Светиот Отец рано оваа година го одобри ad experimentum статутот на новото тело на Римската курија и ги одреди неговите надлежности. Дикастериј за лаици, семејство и живот, според статутот ad experimentum, има овластување за промовирање на животот, апостолатот на верниците лаици, прашањата за пасторална грижа за семејствата и нивните посланија според Божјата план, како и грижа и поддршка на човечкиот живот.
Со Дикастериумот претседава префект, а му помага секретар, кој може да биде лаик, како и тројца лаици заменици секртари. Поделен е во три оддели: за верници лаици, за семејство и за живот, а со секој претседава еден заменик секретар. Членови на Дикастериумот ќе бидат – меѓу другите – лаици: мажи и жени, оженети и во целибат. Исто така има директна врска со Папскиот институт Иван Павле II. за студии на бракот и семејството, било со главното седиште, било со придружните установи, во промовирањето на проучување на бракот, семејството и животот.
РВ/к.мк