Осма постојка
Исус ги теши Ерусалимските жени
Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме! Бидејќи со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме на Исуса. Не е сам. На неговиот пат во развиканата маса луѓе се најде една немоќна група, којашто ништо не можела да помогне. Можела да биде само солидарна, сочуствителна, затоа се задржале многу блиску, гледајќи еден скршен живот, па заплакале. Веројатно Исус не бил многу чувствителен на солзите, нот Тој самиот беше Љубов, па во тие солзи препозна љубов на сочуство. Во некои моменти од животот и не е потребна друга помош, туку молчење и солзи. За Исус тоа беше доволна причина од проповедалницата на минување – Крсниот пат – ни остави силна порака за преобраќање и пророкување за својот сакан град, ако нѐ прими откупување.
Молчењето е голем Божји дар. Во Стариот Завет во повеќе мудри книги се спомнува јазикот како голем дар, но и како голема опасност. Дури на едно место се тврди дека е двосек меч. Што може јазикот, тоа не може ниеден дел од нашето тело. Колку пати во животот чувствуваме промашување на секој план и желба за остварување, бидејќи сѐ сме упропастиле со брзоплеткоста на јазикот. Само колку расправии се имаат случено, бидејќи јазикот „бил побрз од умот“? Размислувајќи над ова Таинство од Крсниот пат добро е да се постави дијагноза за улогата на мојот јазик во нашето семејство. Колку пати тоа е средство за славење на Бог, заблагодарување, утеха, совет, помош? Но и обратно, колку пати е само причина за недоразбирање, болка, кавга? Блаженото молчење! Конечно, важно е да се сретнеш со потребната помош на ближниот со молчење, а не со коментари. Постои опасност коментирајќи да ги поминеме границите и наместо утеха ние осудуваме, а осудата колку и да би била вистинска, често боли. Нашите ближни немаат потреба од нашето сожалување, уште помалку осуда, им треба нашето сочуствување во нашите трпенија со молчење и солзи. Ако солзата е искажана со љубов, тогаш, вели апостолот – покрива многу гревови. Овие жени пред Исус плачеле, и со тоа се определиле за него, без да знаат дали Ису е виновен или не. Само едно виделе; дека трпи. Па и ние не сме повикани да осудуваме, туку сме повикани да бидеме солидарни со тие што трпаат. Со сите, а најмногу со тие кои сме дома.
Да се помолиме
Боже, на Тебе покората ти е драга и каењето мило, подај им на нашите срца искрени солзи за покајание за секој грев на неразбирање и за секој пропуст на несолидарност. Преку Христос, нашиот Господ. Амин.
Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..
Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.
Превод: о. Д. Ташев