Од ризницата мисли на Папата Бенедикт XVI: Простувањето не значи негирање, туку преобраќање
Од ризницата на мислите почесниот папа Бенедикт XVI за милоста и за простувањето што ги има кажано во различни прилики, издвојуваме:
„Ништо не може да го подобри светот, ако злото не се победи, а тоа може да се победи само со делотворно опростување кое може да го даде само Бог кој не го одалечува злото, туку вистински го преобразува. Затоа, да се опрости не значи да се негира, туку да се преобрази: потребно е Бог во тој океан на неправда да се симне со својот уште поголем океан на доброта и љубов”, рече почесниот Папа на 24 јули 2005 година во Аоста за време на Вечерната молитва.
„Нема правда без опростување”, потсети исто така Бенедикт XVI и веднаш додаде: „опростувањето не ја заменува праведноста и не значи негирање на злото, ниту ја намалува вистината за гревот и злото. Христијанството во светот внесе ново разбирање за правдата која не запира на казни, туку на помирување и ја лекува спротивноста во човечките односи, па и во семејните, но тоа бара бесплатност и жртва. Бог не се изморува со нас ниту пак неговото трпение се намалува, туку секогаш не престигнува со својата бескрајна милост и секогаш прв излегува во помош”, истакна Папата на Генералната аудиенција на 30 мај 2012 година.
„На прашањето од апостолот Петар за простувањето, само седам пати?, Исусовиот одговор изразува симболична бројка која значи секогаш. Освен тоа, Исус нѐ потикнува и на молитва за тие кои ни нанесуваат зло за да може да засветли Божјото светло и во нивните срца. Тој нѐ повикува со својата молитва во животот да оствариме став на милосрдност и љубовт така како што Бог тоа го прави со нас, тоа го молиме и во Оче наш: Прости ни ги долговите наши како и ние им ги проштаваме на должниците наши”, истакна Бенедикт XVI на една од неговите Генерални аудиенции.
Битно нет/Превод: А.С.