Велигден, прекрасен почеток! Го славиме радосно овој ден, едни на други си го даваме бакнежот на мирот

Драги пријатели ви посакуваме радосен и благословен Велигден со ова прекрасна катехеза на свети Гргур Назијски

Велигден, прекрасен почеток! Го славиме радосно овој ден, едни на други си го даваме бакнежот на мирот! Ги нарекуваме браќа и оние кои нè мразат, не само пријателите кои ни прават добро кои за нас стрдаа! Си простуваме едни на други во чест на Воскресението. Да ги заборавиме навредите! (…)

Вчера бев распнат со Христос денес со Него воскреснав. Вчера бев со Него закопан денес со Него се дигнувам од гроб. Да ги подариме на своите најубави дарови на Оној Кој за нас умре и воскресна! При тоа не помислувајте на злато, сребро, свила, скапоцени камења. Ги жалам тие кутри добра на земјата затоа што – штом се појават – редовно доаѓаат во рацете на разбојници, робовите на овој свет. Најскапоцен дар сме самите ние, нашите личности. Да му го подариме тоа што сме го обликувале преку Него. Да бидеме горди на својата големина!

Ние мораме да бидеме како Христос, како што Тој е со нас. Мораме да станеме „богови“ за Него како што Тој за нас стана човек. Тој го зема полошото за да ни го даде подоброто. Стана сиромашен за да нè збогати со сиромаштвото. Ја презема улогата на роб за да ни овозможи слобода. Се понизи за да нè воздигне. Се препушти на искушението за да види како ние триумфираме. Даде да се презре за ние да се овенчаме со слава. Умре за да нè спаси! Се вознесе на Небото за еднаш таму да нè одведе. Нас.. кои се урнавме во гревот!

Свети Гргур Назијански/Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот