Од проповедта на Папата: Црквата не треба да има други богатства освен Христос
Кога Црквата е понизна и сиромашна, тогаш е и верна на Христос; во спротивно е во искушение да блеска со „сопственото светло“, наместо на светот да му го пренесе Божјото светло – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 24 ноември во капелата на домот Света Марта.
Говорејќи за денешниот евангелски дел за сиромашната вдовица која за храмот ги дава последните две пари, Папата зборуваше за два стремежи присутни во историјата на Црквата; искушението на горделивоста од една страна и од друга да бидеш „сиромашна Црква“ на која не и треба друго богатство освен нејзиниот Свршеник“, како понизната вдовица во храмот.
Вдовицата чие име не се појавувало во весниците; која никој не ја познавал и која немала диплома – таа не блеска со сопственото светло; во таа смисла во неа можеме да го видиме ликот на Црквата: „Големата крепост на Црквата е во тоа да не блеска со сопствената светлина“, туку со „светлината на својот Свршеник“. А во текот на историјата „кога Црквата сакала да има сопствена светлина, правела грешки,“ рече Папата.
„Вистина е дека понекогаш од својата Црква Господ може да бара да има и нешто од сопствената светлина,“ но за да го исполни своето послание на осветлување на човештвото, единственото светло кое може да го подари, треба да биде тоа применото од Христа, во ставот на понизноста. Сите служби во Црквата се насочени на тоа: примање на тоа светло – истакна папата Фрањо, додавајќи: без Христовото светло „не оди добро: Црквата станува или богата, или моќна или бара моќ или погрешен пат, како што се случило многу пати во историјата и како што се случува во нашиот живот, кога сакаме да имаме некоја друга светлина, која не е Господвата.“
Кога пак Црквата е верна на својот свршеник, тогаш светлина прима од Него и е „како месечината за сонцето кое доаѓа.“Кога Црквата е понизна и сиромашна – продолжи Папата – тогаш е верна. „Црквата вели: Јас сум темна, но светлината ми доаѓа од таму – од Христа.“
На крајот Папата повика да прибегнеме кон застапувањето на ова сиромашна вдовица од Евангелието – „која сигурно е во Небесата“ – за да нè поучи да бидеме таква Црква, не задржувајќи ништо за себе и давајќи сè за Господ и ближниот; „да не се фалиме со сопствената светлина, барајќи ја секогаш светлината која доаѓа од Господ“ – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.