Од проповедта на Папата: Физичкото оздравување не е најважното, туку што Исус нѐ спасува и што посредува за нас
Физичкото оздравување не е најважното, туку тоа што Исус нѐ спасува и што посредува за нас – истакна папата Фрањо во проповедта на 22 јануари 2015 година во капелата на домот Света Марта.
Коментирајќи го Евангелието од Литургијата кое зборува за мноштвото народ кое го следи Исус, Папата рече дека Божјиот народ во Исус наоѓа „надеж, бидејќи неговата делување и учење допираат до нивните срца има сила од Словото Божјо“. Народот чувствува и гледа дека во Исус се исполнуваат ветувањата, дека во Исус е надежта. Народот бил уморен од верската поука на тогашните учители кои на грб им товарат бројни прописи, а не ги допираа срцата. Кога пак народот го гледа и слуша Исус, Исусовото учење, блаженствата… во себе чувствува треперење – Светиот Дух во него нешто буди – рече Сетиот Отец.
Мноштвото се турка за да ги оздрави Исус, го бараат сопственото добро. Никогаш не можеме од самиот почеток со чисти накани да го следиме Бог, секогаш во нас има нешто малку за себе, а малку за Бог… Таа накана се прочистува со чекорењето со Бог. Народот оди, го бара Бог и здравје, оздравување. На Исус се нафрлуваат да го допрат, од Него да излезе сила и да ги оздрави – објасни Папата, додавајќи:
Но не е најважно „тоа што Исус оздравува“, „оздравувањето е знак на некое друго оздравување“, па дури ниту тоа што Исусовите зборови допираат до срцата, што всушност ја овозможува средбата со Бог. Посалнието до Евреите ни зборува што е најважното: Затоа Он и може и вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив. Исус спасува и е Посредник, тоа се двата клучни збора – објасни Светиот Отец.
Исус спасува! Оздравувањата, како и зборовите кои допираат до срцата се знак и почеток на спасението. Тоа е пат за спасение на многумина, кои се приближуваат и го слушаат Исус или бараат оздравување, а потоа му се враќаат и чувствуваат спасение. Дали е најважно тоа што Исус оздравува? Не, не е тоа најважното. А што поучува? Тоа е она најважното, а тоа е силата на нашата вера – рече Папата.
Исус се вознесе кај Отецот и кај него моли за нас, секој ден, секој момент посредува за нас. Тоа го прави и сега и секогаш. Исус на Отецот му го принесува својот живот, откупување, му ги покажува своите рани, цената на спасението. Исус секогаш посредува за нас. Кога поради нешто сме нерасположени, да се сетиме дека тој за нас се моли, постојано за нас псоредува. Тоа го забораваме честопати. Но Исус… да готово е, замина во Небо, ни го прати Светиот Дух и завршена е приказната. Не! Исус сега и во секој момент посредува за нас- потврди Светиот Отец.
Во оваа молитва: „Господи смилувај ми се, посредувај за мене“ го молиме да се застапува за нас. Ова е важното: Исус е Спасител и Посредник. Добро е да се потсетуваме на тоа. Надевајќи се како и Божјиот народ мноштвото го бара Исус, преку Него настојува да добие оздравување, вистина и спасение, бидејќи Тој е Спасител, а како Спасител и денес во овој момент се моли за нас.
Завршувајќи ја проповедта Папата поттикна на молитва и во својот христијански живот повеќе да веруваме дека сме спасени, дека имаме Спасител, Исус, кој седи оддесно на Отецот, кој моли за нас. Бог и Светиот Дух нека нѐ просветлат за да го сфатиме тоа – заврши папата Фрањо.
РВ/го*ко
2760