Од проповедта на Папата: Се плашиме од Божјата бесплатност

Се плашиме од Божјата бесплатност – рече Светиот Отец во проповедта насветата Литургија на 4 ноември, во капелата на домот Света Марта. Светиот Отец истакна дека понекогаш заради сопствениот егоизамили желба за моќ одбиваме да учествуваме на гозбата на која Господ бесплатно нѐ повикува; понекогаш повторно се доверуваме во Господ, но не премногу – рече тој.

Некој човек подготвил голема гозба, но гостите си нашле оправдување за своето недоаѓање – со Исусовата парабола од Евангелието, Папата се послужи во проповедта за да ни укаже на некои реалности. Сите сакат да одат на гозба и славења; сакаат да бидат повикани – рече Светиот Отец – но во ова славење имало нешто што на тројцата гости од Евангелието – кои се пример за многумина – не им се допаѓало.

Еден од нив вели дека мора да оди да ја види нивата, за да се почувствува побогат; вториот купил волови и е во среде работа и не сака да губи време. Последниот од тројцата се оженил и на славењето не сака да дојде со жена му. Не – тоа е егоизам, себичност. Конечно, сите тројца се насочени на самите себе; не сакат славењето да го делат со другите – не знаат што е вистинско славење. Постојано во центарот е некаков интерес – рече папата Фрањо.

Да ги повикал со зборовите: Дојдете имам двајца, тројца пријатели од странство, заедно нешто да направиме, сигурно никој од нив не би почнал да се извинува. Тоа што ги плашело е бесплатноста, рече Папата. Да биде таму како другите; да биде само еден од мноштвото… Егоизам е да сакаш да бидеш во центарот на сѐ. Многу е тешко да го слушаш Исусовиот, односно Божјиот глас кога некој се врти околу самиот себе. Во позадина се наоѓа нешто друго и подлабоко: стравот од бесплатноста. Се плашиме од Божјата бесплатност – истакна Светиот Отец.

Така се случува бидејќи животните искуства често ни се болни, како што се случило со учениците кои го напуштиле Ерусалим, на патот кон Емаус; или на Тома кој сакал да го стави прстот и да допре, за да поверува. И кога Бог ќе ни понуди такво нешто, склони сме да помислиме: подобро е во тоа да не се мешам…

Посигурни сме некако во своите гревови и ограничувања, бидејќи таму сме дома – нагласи папата Фрањо – излези од својот дом и упати се по Божјиот повик, заедно со другите? Не, страв ми е. Сите ние христијани боледуваме од тој страв, сокриен во внатрешноста. Католици сме, но не премногу; се доверуваме на Господ, но не премногу… Ова „не премногу“ е ознаката на нашиот живот – рече Папата.

Она што ме наведе на размислување – продолжи Папата  – е кога господарот по тоа што слугата му го пренесол сѐ што му било кажно, се разлутил бидејќи бил потценет. Потоа го испратил по сиромашните и куците од градските плоштади и патиштата и наложил на слугите да ги присилат да влезат на гозбата. Многу пати – рече Папата – Господ исто така постапува со нас – преку искушенија, толку искушенија…

Ги присилува славењето да биде овде; бесплатно. На некој начин ги присилува срцето и душата на доверба во Божјата бесплатност; на тоа дека Божјиот дар е бесплатен; дека спасението не се купува. Тоа е голем дар на Божјата љубов; најголем дар. Тоа е бесплатноста… Од тоа ние малку се плашиме и мислиме дека светоста се изградува со нашето делување и со нашите сили, и така на крајот стануваме помалку „пелагијанци“… Светоста и спасението се бесплатни – објасни Папата.

Исус ја плати гозбата, со своето понижување сѐ до смрт; смрт на крст и тоа е големата бесплатност. Кога гледаме кон Распнатиот, да помислиме: ова е влезот на гозбата… Да Господи грешник сум, поседувам толку работи, но гледам во Тебе и доаѓам на гозбата на Отецот. Се доверувам; нема да се разочарам, бидејќи Ти сѐ исплати…

Црквата денес бара од нас да не се плашиме од Божјата бесплатност. Единственото што треба да направиме е: да го отвориме срцето; да направиме сѐ што ни е во можност – но, големата гозба ја подготвува Тој – заврши на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот