Од проповедта на Папата: Исповедта не е судење, туку средба со Бог Кој го простува секој грев

Исповедта не е судење, туку средба со Бог Кој го заборава и простува секој грев на човекот кој упорно бара милосрдие – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 23 јануари во капелата на домот Света Марта.

Помирувањето е многу убава Божја работа; Бог ни го простува секој грев , секогаш простува и затоа се весели, а кога некој бара разрешување „заборава“ сè – рече Папата коментирајќи го литургиското читање од Посланието до Евреите во кое упорно се зборува за „новиот сојуз“ кој Бог го склопил со избраниот народ.

Бог Го испраќа Исус со човештвото да склопи нов сојуз кој се заснова на простување. Бог секогаш простува. Не се изморува да простува. Ние се изморуваме да бараме опрост, а Бог не се изморува да простува. Кога Петар Го праша Исус: Колку пати треба да простува? Седум? – Не, седум туку седумдесет по седум, т.е. секогаш. Така Бог простува: секогаш. Ако се извалкаш во грев, си направил многу одвратности, а ако на крајот се каеш, бараш простување, веднаш ти е простено! Бог секогаш простува – објасни Светиот Отец.

Некој би можел да праша колку Бог е трпелив во простувањето – рече Папата одговарајќи: Покајувањето и молењето за прошка не чини ништо, бидејќи Христос за нас плати. Потврда е блудниот син од параболата кој покајувајќи се размислувал за тоа што ќе му каже на татко му, а таткото не сакал да слушне ништо туку со нетрпение го прегрнува – потсети папата Фрањо.

Бог го простува секој грев! Ах, оче не се исповедувам, голем грешник сум, многу сум грешел за да може да ми се прости… Не, тоа не е вистина. Бог сè простува. Ако се каеш Бог сè простува. Често немаш време ниту да изговориш. Пред да започнеш да молиш за простување Он те придобива со радоста на простувањето; пред да кажеш сè – објасни Папата додавајќи:

Бог ужива кога простува, се весели и заборава сè, бидејќи Му е важно да се сретнеш со Него – рече Папата поттикнувајќи ги исповедниците во исповедилницата да извршат испит на совеста. Дали сум расположен да простам сè, да ги заборавам гревовите на покајникот? Исповедта е повеќе средба отколку судење – рече Папата.

Често изгледа само како формалност: механичко набројување, обичај. Не! Исповедта треба да биде средба со Господ Кој простува, те прегрнува и затоа се весели. Таков е нашиот Бог, неизмерно добар. Мораме своите деца и млади да ги научиме добро да се исповедуваат, бидејќи исповедта не е хемиско чистење за отстранување на некои дамки. Исповедта е средба со Отецот Кој помирува, простува и затоа се весели – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот