Од проповедта на Папата: Господ не е трговец, неговата љубов е бесплатна

Бог е како мајка: нè сака бесплатно, но ние често сакаме да ја конторлираме таа милост како некој вид на духовно сметководство, рече папата Фрањо на светата Литургија на 11 декември во капелата на домот Света Марта.

Божјата близина е како близината на мајката до своето дете; мајката се прави мала и со детето разговара на неговото ниво, „на начин кој би бил смешен кога не би се разбрало што е во тоа големото“; како што Бог во денешното читање зборува на својот народ: „Не се плаши, црву Јакове.“ „А колку пати мајката кажува такви работи на детето додека се милува?“; така и Бог на својот народ: „Јас те правам остар дикел, нов… ќе те направам голем“ и го милува; Бог „толку ние близок што се изразува со таква кротост: со кротоста на една мајка“ – објасни папата Фрањо.

Бог нè сака бесплатно, како што мајката го сака своето дете, а детето се препушта на нејзината љубов. Но, ние „за да бидеме сигурни би сакале да ја контролираме милоста“, го имаме искушението на „комерцијализација на милоста“, „како да е некоја роба или дека со неа може да се управува“ и на тој начин „прекрасната вистина за Божјата близина се лизнува во духовно сметководство: Не, ќе го направам ова бидејќи ќе ми даде 300 дена милости… и така акумулирам милости“, тука изгледа како милоста да станува „роба за трговија“ – предупреди Светиот Отец.

Папата потсети на групите кои во Исусовото време сакале да ја контролираат милоста: фарисеите, кои робувале на многу закони и ги товареле „на грбот на народот“, садукеите со своите политички компромиси, есени – „добри, ефикасни, но толку се плашеле, не ризикувале“ и завршиле изолирани во своите манастири; зелоти на кои Божјата милост им била „војна за ослободување“ што е еден од начините да се комерцијализира милоста, објасни Папата.

Но, Божјата милост е поинаква; таа е близина и благост. „Ако во својот однос со Господ не чувствуваш дека те сака со благост, тогаш уште нешто ти недостасува, уште не си сфатил што е милост“, рече Папата.

Се присети како пред многу години една госпоѓа кога го прашала дали ја исполнила неделната обврска, бидејќи присуствувал на миса, на која читањата не биле од неделата, на што тој и одговорил: „Но, госпоѓо, Господ толку ве сака. Сте отишле на литургија, сте се причестиле, сте биле со Исус… Бидете мирни, Господ не е трговец, Господ љуби, близок е“. Свети Павле силно одговара на таквата духовност на законите „јас сум праведен ако го правам тоа, тоа и тоа. Ако тоа не го правам тогаш не сум праведен“ Но, ти си праведен бидејќи Бог ти се приближил, бидејќи те помилувал.“ Нашата праведност е Божјата близина, благоста и љубовта, рече Папата и додаде: „Дури и по цена да изгледа смешно нашиот Бог е толку добар. Кога би имале храброст да го отвориме своето срце за Божјата благост, колку духовна слобода би имале!“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот