Од проповедта на Папата: Братската опомена е болна, бидејќи е со љубов

Вистинската братска опомена е болна, бидејќи треба да се изврши со љубов, во вистина и со понизност. Ако ни се допаѓа да ги опоменуваме другите тоа не доаѓа од Бог – рече папата Фрањо на светата Литургија на 12 септември во домот Света Марта. Во Евангелието видовме како Исус ги опоменува оние кои ја гледаат раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја забележуват. Размислувајќи за тоа, Папата се врати на темата за братската опомена и рече:

„Не може човекот да се опоменува без љубов и милосрдие. Не може да се направи хируршки зафат без анестезија, бидејќи болниот би умрел од болки. Љубовта е како анестезијата која помага да се прими лекот и да се прифати опомената“ – рече Папата и продолжи: „На второ место, потребно е да се зборува вистината. „Толку пати во нашите заедници се зборуваат лаги за други луѓе: тоа се клевети. А ако се и вистински, го одземаат добриот глас. Озборувањето е шамар на добриот глас и срцето на човекот“ – истакна Папата и продолжи:

Третата точка е да опоменуваш со понизност. „Ако треба да опоменуваш заради некој мал недостаток, сети се дека ти имаш многу големи. Братската опомена е лек за телото на Црквата. А мама или баба кога лекуваат тоа го прават со грижа. Таква треба да биде и братската опомена. Ако не си способен да го правиш тоа со љубов, во вистина и со понизност, грешиш, го уништуваш срцето на тој човек, стануваш слеп лицемер, како што вели Исус. Еден знак може да ни помогне“ – предложи папата Фрањо – „ако чувствувам одредено задоволство кога гледам нешто што не е добро и мислам дека некој морам да го опоменам, треба да бидам внимателен, бидејќи тоа не е од Господ.“

„Со Господ секогаш е крстот, тешкотија за да се направи добра работа; кај Господ секогаш е љубовта која води, кроткоста… Ние христијаните сме во искушение да станеме како учителите на законот: се одделачуваат од играта на гревот и милостите, како да сме ангели… Како што Павле поучува, христијанин кој така не прави излегол од трката. Не станал зрел христијанин. Нека Господ ни помогне во ова братска служба, толку прекрасна и толку болна, за да можеме да им помогнеме на браќата и сестрите да бидат подобри, секогаш со љубов, во вистината и со понизност“ – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот