Медиумите пренесоа инспиративна приказна за свештеник од Канада кој Божиќниот пост го поминал на улица – живеејќи со бездомниците.
„Улицата ме доведе до Црквата, а Црквата на таа улица ме врати“ – така својата животна приказна ја опишува Клод Паради, 57 годишен свештеник од канадскиот град Монтреал кој своето звање им го посветил на бездомниците, на оние во потреба чија ситуација добро ја разбира затоа што самиот некогаш живеел на улица.
Медиумите пренесоа инспиративна приказна за свештеник од Канада кој Божиќниот пост го поминал на улица – живеејќи со бездомниците. Тоа го направил во знак на солидарност за да им даде до знаење дека е тука за нив и дека е подготвен да одговори на нивните потреби.
Секако, уште и фактот за неговото спиење на улица беше свртувањето на вниманието на медиумите и јавноста на проблемот на бездомништвото, кој толку често излегува од фокусот на нашиот интерес.
Паради дојде во Монтреал пред 25 година, од градот Квебек каде работел како болничар. Во Монтреал поминува низ криза, не можел да најде работа, а наскоро започнал да живее на улица. Во приказната влегува и зависноста – од дрога и алкохол. Се нашол на дното, со самоубиствени мисли и без желба да продолжи да живее.
Тоа што тогаш се случило, во време на најголемата животна криза била силна средба со Бог и со Божјото милосрдие кое променило сѐ.
„Во една мала уличка која беше напуштена, поминував покрај една мала црква. Нешто ме натера да застанам и да влезам внатре“, раскажува за своето преобраќање.
Тоа бил почетокот на неговиот духовен пат. Сфаќа дека не сака да умре, туку да стане „човек на Црквата.“
Отец Паради денес е водач на организацијата Notre-Dame-de-la-rue (Пресвета Богородица од улицата) која се занимава со пасторал за бездомници. Свештеникот редовно им помага материјално на оние кои живеат на улицата, но и ги исповедува, служи света Литургија со нив (…).
Неговата пасторална работа има поддршка од неговиот надбискуп Кристијан Лепине, како и од градските власти.
„Нашата мисија е да ги охрабриме луѓето. Одиме меѓу нив, разговараме со нив и се молиме,“ рече свештеникот за медиумите.
На крајот додаваме дека свештеникот од Канада не е единствениот кој дошол на идејата да го помине Божиќниот пост со бездомниците.
„Исус секогаш одел меѓу презрените и отфрлените, а не вопалатите и меѓу моќниците. Токму тоа е посланието на Црквата и моето лично. Сакав да го искусам овој живот, да им покажам на луѓето дека Црквата не е само меѓу ѕидовите на парохиските канцеларии и верските објекти“, рече тогаш отец Паради.
Тоа беше пред шест години, две години пред папата Фрањо да ги повика свештениците да излезат на „периферијата на општеството“, меѓу оние во најголема потреба.
Отец Паради изјави: „Улицата е местото каде сакам да бидам, таму сакам и да умрам.“
Битно.нет/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк