Одржан Маријатон 2020

Одржан Маријатон 2020

На 17 октомври 2020 се одржа Маријатон 2020, редовна активност во рамки на програмата на Радио Марија. Маријатонот започна со света Литургија која ја предводеше директорот на Радио Марија Македонија, о. Гоце Костов.

Во рамките на Утринската информативна програма, м-р Данче Ичева ги запозна  слушателите со делото на Пресвета Богородица за мир и љубов, кое го носи нејзиното име – Радио Марија.

Затоа што Радио Марија е мисионерско радио и по повод Светскиот мисиски ден, кој оваа година се слави на 18 октомври во програмата за Маријатон директорот отец Гоце Костов ја пренесе пораката на папата Фрањо за Мисиската недела, а  потоа упати и пригоден коментар. Главниот уредник, во емисијата која ја уредува и води „Моли и работи“, зборуваше како може да се поддржи радиото на Радио Марија, при што истакна дека поддршката може да се состои со молитва, волонтирање, техничка поддршка, промоција на радиото, како и донации, кои се од особена важност за радиото, со оглед на непрофитниот карактер. Донациите во Радио Марија може да се остварат преку електронско донирање, донации на жиро сметка, со траен налог, како и со зачленување во клубот „Пријатели на Радио Марија“.

Во пладневните минути, Елена Гогова во програмата вклучи слушатели, волонтери и поддржувачи на Радио Марија кои открија зошто Радио Марија е дел од нивното секојдневие, зошто одвојуваат од своето време за да се вклучат во молитвениот дел на програмата, а зборуваат и за задоволството да се застане зад микрофонот и да се подготви емисија.

Поради пандемијата со коронавирусот оваа година беа изземени промотивните активностите надвор од студиото, кои се одложени за наредниот период.

Радио Марија се заблагодарува за донациите од своите слушатели кои пристигнуваат овие денови и моли Бог нивните материјални дарови да ги умножи стократно во духовни милости.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот