Одржан летниот камп на сестрите „Мисионерки на љубовта“ во Скопје

Скопје, 15.07.2013 /к.мк/ – И оваа година сестрите “Мисионерки на љубовта“ во Скопје одржаа летен камп за деца и млади. Овој еднонеделен камп траеше од 6 до 13 јули во просториите на спортската сала на скопското училиште „Невена Георгиева – Дуња“. На кампот учество зедоа околу педесетина деца и млади кои доаѓаат од семејства со социјални и економски проблеми. Целосното анимирање на активностите беше во рацете на младите волонтери од Малта кои со голема посветеност и љубов кон децата имаа огромна желба да ја живеат пораката на блажената Мајка Тереза – имено, љубовта и служењето на ближниот.

Летниот камп беше вистинска драгоценост за сите учесници, волонтери од Малта и од Скопје, а особено значење имаше за децата кои со голема желба секој ден доаѓаа од раните утрински часови и со задоволство учествуваа во сите активности. Последниот ден од летниот камп, учесниците имаа можност да го посетат Охрид и заедно да се дружат и забавуваат.

Како што би рекла и самата блажена Мајка Тереза – ова е само една мала капка во океанот наречен служење на ближниот, но без таа капка тој океан би бил посиромашен, а знаеме дека малите дела на љубов се големи во очите Божји. (Е.Абјаниќ

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<