Доверливиот однос e темелот за грижа на болните

Доверливиот однос e темелот за грижа на болните

По повод Светскиот ден на болните кој се одбележува на 11 февруари на споменденот на Пресвета Богородица Лурдска, папата Фрањо ја упати својата порака за кој темата ја зема од евангелскиот дел во кој Исус го критикува лицемерието на оние кои зборуваат, а не прават (Матеј 23,1-12)

На почетокот на размислувањата опфатени во пет точки, Папата посочи дека токму Денот на болните е милосна пригода посебно внимание да се посвети на болените и на оние кои за нив се грижат, посебно мислејќи на оние кои во целиот свет страдаат од последиците на пандемијата од коронавирусот.

Болеста го наметнува прашањето за смислата

Во првиот број го објасни вдахновението на пораката од Светото писмо (Матеј 23, 1-12). „Кога верата ќе се сведе на празна реторика без вклучување во животот и потребите на другите, тогаш реалниот живот кој го живееме не е доследен на верата која ја исповедаме. Тоа е тешка опасност. Затоа Исус прибегнува кон силни зборови за да предупреди на опасноста за пад во автоидолатрија и вели: Еден е вашиот учител, а сите вие сте браќа… На средбата со братот и сестрата во потреба Исус нуди модел на однесување кој во потполност е спротивно на лицемерието. Бара од нас да застанеме и да слушаме, да воспоставиме директен и личен однос со другите, да почувствуваме емпатија и сочувствување и да дозволиме нивното страдање да нѐ допре до таа мерка да ја преземаме на себе грижата за нив во духот на служењето (Лука 10, 30-35)“, објаснува Папата.

Потоа во вториот број ја подигнува свеста дека луѓето кога болеста ги снајдува стануваат свесни за сопствената ранливост и во истиот момент чувствуваат потреба за другиот. „Болеста го наметнува прашањето на смислата, која во верата се упатува до Бог (…) Библискиот лик на Јов во тој поглед е многу значаен. На неговата сопруга и на пријателите не им појдува од рака да го придружуваат во неговата несреќа, уште повеќе го обвинуваат и само уште повеќе ја зголемуваат неговата осаменост и изгубеност (…) Но токму благодарение на таа крајна кревкост, отфрлајќи од себе секакво лицемерие и определувајќи се за патот на искреноста кон Бог и другите (…)  Така од ранетото и оздравено срце на Јов се вивнуваат оние живи и трогателни зборови упатени до Господ: „Бев слушнал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гледаат; (42,4)“ напоменува поглаварот на Католичката Црква.

Во служењето секогаш се гледа братското лице. Понатаму во број три Светиот Отец објаснува дека болеста секогаш има лице и тоа не само едно: таа го има лицето на секој болен и болна па и на ние кои се чувствуваат запоставени, на исклучените и жртвите на социјалните неправди на кои им се скратуваат нивните основни права (Fratelli tutti, 22) „Моменталната пандемија разоткри колку наши здравствени системи се несоодветни, а излегоа на видело и недостатоците во грижата за болните. Старите, слабите и ранливите лица немаат секогаш пристап до здравствената грижа и таа не е секогаш обезбедена на правичен начин (…) Во пандмеијата истовремено дојде до израз посветеноста и великодушноста на здравствениот персонал, волонтерите, работниците и работничките, свештениците, монасите и монахињите кои професионално, пожртвувано и со чувство на одговорност и љубов кон ближниот помагаа, лекуваа, утешуваа и служеа на многу болни и членовите на нивните семејства (…) Во служењето секогаш се гледа братското лице, се допира неговото тело, се чувствува неговата близина, дури до толку што во некои случаи и „трпи“ и бара промовирање на братот“ – нагласи папата Фрањо и во четвртиот број објасни дека за добро лекување пресуден е релациски вид благодарение на кој може да се има холистички пристап на пациентот

„Станува збор за тоа да се „склопи пакт“ помеѓу оние на кои им е потребна грижа и оние кои ги негуваат (…) Токму тој однос со болниот се  наоѓа непресушен извор на мотивација и сила во Христовата љубов како што што покажува милениумското сведочење на мажи и жени кои ја постигнале светоста во служењето на болните“ – напиша Папата.

Во последниот, петтиот број потсетува како заповедта на љубовта која Исус ја остави на своите ученици наоѓа конкретно исполнување исто така во односот со болните. „Сите болни, здравствените работници и оние кои се жртвуваат во помагањето на оние кои стрдаат ги доверувам на Марија Мајка на милосрдието и Здравје на болните. Нека таа од Лурдската пештера и своите неброени светилишта во целиот свет нѐ поддржи во нашата вера и во нашата надеж и ни помогне да се грижиме едни за други со братска љубов“ – порачува на крајот Светиот Отец.

Недјелја/к.мк

Категорија: Ватикан, Колумни

За авторот