Со реченицата ,,Драги млади, сакајте ги вашите претци” во саботата на 15 февруари 2020 започна одбележувањето на Денот посветен на старите и болни лица во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје.
Програмата, подготвена од волонтерите во Македонски Каритас во соработка со Дон Давор, започна со пригодна песна посветена на застапничката на болните – Мајка Божја Лурдска.
Светата Литургија ја предводеше бискупот Киро Стојанов, а претходно се молеше Света Бројаница и имаше можност и за Света Исповед. За време на светата Литургија на болните им беше поделена светата Тајна елеопомазние на болните.
Во својата проповед бискупот Стојанов рече: „Гледајќи ве вас, кои што сте денес собрани во оваа наша катедрала, како и оние болни и немоќни што се наоѓаат во своите домови, по болниците или домовите за стари лицаи, чувствувам како Исус на посебен начин е присутен во вас и како излегува во пресрет да ве охрабри и утеши”.
Средбата заврши со заедничко агапе во парохиската сала.
Кирил Стојанов/к.мк