Објавено е италијанското издание на книгата на Папата за божиќните пештери
Overview
- Brand: божиќните пештери, Гречио, папа Фрањо, Свети Фрањо Асишки
Книгата на папата Фрањо за божиќните јасли е објавена на 21 ноември 2023 година на италијански јазик, под наслов „Il mio Presepe. Vi racconto i personaggi del Natale“, ко-објавено од издавачките куќи Piemme и Libreria Editrice Vaticana (LEV)
Книгата неодамна беше објавена на француски, англиски и португалски јазик. Италијанското издание на книгата содржи досега необјавен вовед и низа текстови, размислувања, говори и беседи кои Светиот Отец ги посвети на јаслите и ликовите во нив за време на неговиот понтификат.
Божиќната пештера на свети Фрањо
Папата во книгата ги воведува читателите со настанот за божиќната пештера во Гречио.
Двапати ја посетив Грецио. Првиот пат, да го видам местото каде што свети Фрањо од Асизи ја постави првата божиќна пештера, нешто што го одбележа и моето детство: во куќата на моите родители во Буенос Аирес, знакот за Божиќ никогаш не изостануваше, дури и пред елката, пишува Папата.
Светиот Отец наведува дека со задоволство се вратил во Гречио по втор пат за да го потпише Апостолското писмо Admirabile signum за смислата и значењето на денешните божиќни пештери.
И во двата случаи почувствував посебна емоција што извира од пештерата, пишува Папата и ја нагласува убавината на средновековната фреска во пештерата, која уметникот ја поставил така што паралелно ги прикажува ноќите во Витлеем и Гречио.
Папата пишува дека моќта на тој призор го поттикнала да навлезе уште подлабоко во христијанското таинство кое сака да се крие во она што е бескрајно мало. Истакнува дека Христовото воплотување е срцето на Божјата објава, иако лесно се заборава дека откровението е толку дискретно што може да остане незабележано.
Маленкоста е патот до средба со Бога , потенцира Папата и потсетува на епитафот на гробот на свети Игнатиј од Лојола: „Non coerceri a maximo, sed contineri a minimo divinum est“ (Да не се ограничуваме на најголемите, туку да се биде во најмалото е божествено). Тој образложува дека не треба да се плашиме од големи работи, туку дека треба да се оди напред и да водиме сметка за малите работи.
Чувањето на духот на божиќните пештери станува здраво навлегување во Божјото присуство, кое се покажува во мали, понекогаш тривијални и повторувачки, секојдневни работи, пишува Папата и потсетува како пастирите во маленкоста го препознале Божјото лице.
Како луѓе, сите ние тежнееме да бараме величина, но дарот е навистина да знаеме како да ја пронајдеме: да ја пронајдеме величината во маленкоста, која Бог толку многу ја сака, завршува Папата.
Два знака на Божиќната ноќ
Во воведот на книгата Папата потсетува на средбата со младите од провинцијата Рети, одржана во јануари 2016 година. Им зборуваше за двата знака на Божиќната ноќ кои водат до препознавање на Исус.
Како прв знак, Папата наведува небо полно со ѕвезди, меѓу кои се издвојува една посебна ѕвезда: онаа што ги поттикнала мудреците да ги напуштат своите домови и да тргнат на пат во непознатото.
Истото се случува и во нашите животи: во одреден момент, посебна „ѕвезда“ не повикува да донесеме одлука, да направиме избор, да започнеме патување. Мораме силно да му се молиме на Бога да ни ја покаже таа ѕвезда која нè влече кон нешто повисоко од нашите навики, пишува Папата и додава дека оваа ѕвезда ќе не доведе до контемплација на Исус, детето кое се роди во Витлеем и кое сака полнина на нашата среќа.
Како втор знак на Божиќната ноќ, Папата ја споменува Божјата маленкост. Наведува дека во таа ноќ нема знаци на моќ, самодоволност или гордост и посочува дека вечниот Бог се направи беспомошно, кротко, понизно човечко суштество за да може да застане покрај нас, а не над нас и далеку од нас.
Ватикан њуз/к.мк