Кардиналот Зупи во Москва разговараше со советникот на Путин

Кардиналот Зупи во Москва разговараше со советникот на Путин

Претседателот на Италијанската бискупска конференција, кардинал Зупи, кој е во мисија во Русија како пратеник на Папата, на 28 јуни разговара со Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на претседателот Путин. Кремљ го цени ова: „Ја поздравуваме желбата на Папата да помогне да се стави крај на вооружениот конфликт во Украина“. Вчера попладне, кардиналот се сретна со католичките бискупи во Апостолската нунцијатура.

Прва и единствена слика до сега во овие два дена (28 и 29 јуни) од мисијата во Москва на кардиналот Матео Марија Зупи, пратеникот на Папата, кој е во потрага по „патишта за праведен мир“, е како кардиналот клечи пред иконата на Богородица. Тоа е Владимирската чудотворна икона на Богородица, позната како Пресвета Богородица – Умиление, најстарата икона на Богородица во Русија, која се чува во галеријата Третјаков, недалеку од Кремљ. Од тука молитвата е на прво место, за време на втората етапа од мисијата на кардиналот-претседател на Италијанската бискупска конференција (по неговата посета на Киев на 5 и 6 јуни).

Разговор со советникот за надворешна политика на Путин

ТогашПотоа кардиналот се сретна со претседателот Володимир Зеленски. Додека вчера во Москва беше примен од 76-годишниот Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на претседателот Владимир Путин, поранешен амбасадор во САД од 1998 до 2008 година. Разговораа за конфликтот во Украина и „можните начини на политичко и дипломатско решение“. Ова го пренесуваат руските агенции, вклучително и Интерфакс, кој вчера доцна утрото ги пренесе коментарите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по средбата меѓу Зупи и Ушаков: „Генерално, веќе неколку пати изјавивме дека многу ги цениме напорите и иницијативите на Ватикан да најде мирно решение за кризата и ја поздравуваме оваа желба на Папата да помогне да се стави крај на вооружениот конфликт во Украина“, се вели во коментарот.

Со католичките бискупи во нунцијатурата

Во среда 28 јуни 2023 година попладнето, кардиналот Зупи се сретна со католичките бискупи на Русија во седиштето на Апостолската нунцијатура, на чело со монсињор Џовани Д’Аниело. Најавена е света Литургија во катедралата „Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица“, бискупско седиште на митрополитската надбискупија Мајка Божја во Москва, која ќе се служи во четврток 29 јуни.

Можна средба со патријархот Кирил

Иако агендата на средбите останува строго доверлива, од Москва пристигнуваат вести за можна средба на кардиналот со владини претставници посветени на правата на децата. Најголемо внимание се посветува на прашањето за повеќе од 19.000 украински деца депортирани во Русија, проблем во врска со кој претседателот Зеленски апелираше до Светиот Престол за помош за време на мајската аудиенција кај папата Фрањо. На крајот од мисијата на кардиналот Зупи, би можело „да дојде до конкретни гестови, како што е нова размена на затвореници или најава за иницијативи за поддршка на многуте бегалци принудени да бегаат поради конфликтот“, рече монсињор Паоло Пеци, митрополит надбискуп на надбискупијата Пресвета Богородица во Москва во интервју за „Ватикан њуз“.

Монс. Пеци зборуваше и за можноста за средба меѓу Зупи и православниот патријарх Кирил: „Христијанската вера го познава патот на помирувањето и простувањето; го поснава сведоштвото за мир доживеано во сопствените срца, во семејствата, меѓу народите. За ова, тврди прелатот, неопходно е учество на верските водачи во овој дијалог. Според моите информации, кардиналот Зупи би можел да се сретне со рускиот православен патријарх Кирил. Ако се случи, тоа ќе биде навистина од големо значење“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот