Објавена програмата за патувањето на папа Фрањо во Мексико
Како што најави за време на посетата на Куба и Соединетите Американски Држави, папа Фрањо од 12 – 18 февруари 2016 година ќе престојува во Мексико.
Радио Ватикан ја објави официјалната програма з патувањето на папа Фрањо во оваа латиноамериканска држава.
Папа Фрањо за време на целиот престој во Мексиско ќе биде стациониран во главниот град на споменатата држава, Мексико Сити, од каде што потоа ќе ги посетува останатите локации.
Освен главниот град, Светиот Отец ќе ги посети и Суидад Хуарез, Сан Кристобал де Лас Касас и Мореља.
Во главниот граад, Светиот Отец ќе се сретне со мексиканските епископи и претставници на граѓанските власти и ќе служи света Литургија во базиликата Пресвета Богородица од Гвадалупе. Исто така, планирано е и посета на педијатриската болница „Федерико Гомез“.
Во Сан Кристобал де Лас Касас, Светиот Отец ќе служи света Литургија со локалните староседелци и ќе одржи средба со семејствата на локалниот стадион во соседниот град Тукстла Гутиерез.
Мореља ќе биде домаќин на средбата на Папата со Богопосветените лица и богословите, како и средба со младите на стадионот „Жозе Марија Морелос и Павон“.
Како што е во секој град подготвена средба со друга група луѓе, така и во Суидад Хуарез, Папата ќе ги посети затворениците и ќе се сретне со работниците.
РВ/Б.Р.