Папата Фрањо нè повикува во текот на јануари да молиме за единство на христијаните и за заедничка активна љубов кон ближниот. Светиот Отец моли да се обнови потполното црковно единство за да се ублажат тешкотиите и предизвиците со кои се среќава човештвото.
Текстот на Папата го пренесуваме во целост:
Денес многу христијани од различни цркви заедно работат за да му служат на човештвото во потреба: го бранат човечкиот живот и неговото достоинство, го чуваат создаденото и се борат против неправдите. Оваа желба да се оди заедно, да се соработува за да се помогне на најслабите и оние кои трпат е извор на радост за сите нас. Придружи ми се во молитвата преку својата молитва и активната братска љубов да придонесеме повторно да се воспостави црковното единство во служба на предизвиците со кои се соочува човештвото – стои во пораката на папата Фрањо.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк