Папата Фрањо ги повикува верниците во октомври да се молат посебно за Црквата за за да биде верна на Евангелието и смела во навестувањето, да биде место на солидарност, братство и прифаќање и сè повеќе да ја живее синодалноста.
Во видео пораката на шпански јазик објавена на 3 октомври 2022 година во Ватикан, Папата го објаснува значењето на синодата – да одиме заедно, да одиме во иста насока. Црквата ќе мора повторно да се потсети дека луѓето се на пат и дека мора заедно да одат по тој пат. Црквата од тој синодален стил е Црква на слушање, свесна дека слушањето е поголемо од слушањето; тоа значи дека се слушаме во нашата различност и ја отвораме вратата за оние кои се осставени надвор, објасни Папата.
Протогонист на синодата е Светиот Дух, значи станува збори да се слуша и да се молиме на него. Нема синода без молитва, рече Папата. Да ја искористиме можноста да бидеме Црква на близина – тоа е Божјиот начин: близината. И да им се заблагодариме на целиот Божји народ кои со внимателно слушање чекорат по синодалниот пат, повика папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк