Објавата на ангелот во Фатима

Објавата на ангелот во Фатима

Навршив десет години од животот. Мајка ми одлучи да ми довери да ги чувам овците. Со тоа не се согласија ниту татко ми, ниту сестрите, сите сакаа да ме имаат до себе. Но, мајка ми беше одлучна.

Таа не беше никаков исклучок – зборуваше дека е мајка. Каролина имаше веќе 12 години, мора да започне да работи на полето или да учи да шие и ткае, што сака.

Така јас морав на пасиштето. Веста дека станав пастирка брзо се рашири во селото, па ми долетаа пастирите за да ми понудат друштво. Сите ги прифатив. Вториот ден целата средина беше полна со пастири и овци, посебно на еден брег, кој изгледаше како да го покрил облак.

Но, јас не се чувствував добро во таа врева. Затоа избрав три другарки, и не кажувајќи им ништо на другите, започнавме да одиме со овците на пасиштето на спротивната страна.

Трите пастирки беа: Тереза Матијас, нејзината сестра Марија Роза и Марија Јустино.

Следниот ден се сретнавме со нашите стада на договореното место и тргнавме кон ридот кој се вика Кибеко. Тоа е северната стрмнина на брегот. Јужната се вика Валинхос. На стрмнината свртена кон исток, се наоѓа она карпа за која ви зборував во текстот за Јацинта.

Се качивме со своите стада речиси до врвот на брегот. Под нас се простираше, се до долината, област посадена со маслинки, борови…

Некаде околу пладне го изедовме својот оброк, а потоа ги повикакв заедно со мене да измолат Бројаница, а тие со задоволство прифатија. Штом започнавме да молиме, одеднаш во воздухот над дрвото, се објави лик кој личеше на статуа од снег. Го исполнуваше сонцето па изгледаше целиот проѕирен.

  • Што е тоа? – прашаа моите другарки по малку исплашени.
  • Не знам.

Продолжив да молам, очите ги фиксирав во ликот кој исчезна кога ја завршивме Бројаницата. Јас одлучив за тоа ништо да не зборувам, но моите другарки, штом пристигнале дома, го раскажале тоа на своите семејства. Новоста брзо се рашири. Еден ден кога се вратив дома, мајка ми ме застана:

  • Слушај! Велат дека нешто си видела. Кажувај што било тоа!
  • Не знам – одговорив, но бидејќи не знаев да протолкувам, додадов:
  • Изгледаше како човек, завиткан во платно. Не беше можно да му се спознаат ниту очите, ниту рацете. Мојата мајка одмавна со раката, многу прецизно:
  • Детски глупости!

Малку после тоа, се најдовме со своите стада на истото место. Појавата повторно се повтори, на истиот начин. Моите другарки тоа пак го раскажаа дома. После тоа, таа појава се објави и трет пат. Ја за сето тоа не прозборев ниту збор, но мојата мајка слушнала за тоа како раскажуваат во селото. Затоа загрижено ме запраша:

  • Да видиме за што брборите, што сте виделе?
  • Не знам мајко, навистина не знам што е тоа што ни се објавува.

Но, многумина започнаа да ни се исмеваат. Дека после Првата Причест сум била малку занесена, моите сестри знаеја да ме запрашуваат со горка иронија: „Можеби гледаш некој замотан во платно.“

Таквото однесување и таквите зборови ме погодуваа во душата, затоа што до тогаш бев навиканата само на нежности. Но, тоа сè уште не беше ништо. Не ни насетував што добриот Бог ми подготвил за иднината.

Токму во тоа време Фрањо и Јацинта добија дозвола од своите родители да можат и тие со овците да доаѓаат на пасиштето. Јас тогаш ги оставив другарките и се придружив на Фрањо и Јацинта, братот и сестрата. Одлучивме своите стада да ги пасеме на пасиштата на моите родители и чичко, за да не мораме да се дружиме со останатите пастири.

Еден ден се најдовме со своите стада на имотот на моите родители, во подножјето на ридот за кои ви зборував на источната страна, а местото се вика Шоза Вела.

Утрото се спушти ситен дожд, нешто посилно од роса. Тогаш се качивме на стрмнината на ридот за да побараме засолниште во некаква камена вдлабнатина. Овците полека се качуваа по нас, пасејќи. Тогаш прв пат се најдовме во таа благословена пештера. Се наоѓа во средина со масилинки кои припаѓаат на мојата кума Анастасија. Од каде што убаво се гледа селцето во кое сум родена, потоа Каса Велха и Еира да Перда. (…)

Овде го поминавме денот иако дождот веќе престана и сонцето повторно се проби, убаво и светло.

Овде јадевме и измоливме Бројаница за која повеќе не се сеќавам дали ја измоливме во скратен облик. Кога завршивме со Бројаницата, почнавме да си играме со камења. Си игравме само неколку минути, но целосно посветени на играта.

Оддеднаш зашумоли силен ветер кој ги заниша крошните на стеблата. Сите тројца погледнавме во хоризонтот, многу зачудени затоа што времето беше мирно.

Тогаш здогледавме како над маслинките се приближува кон нас оној ист лик за кој веќе зборував. Колку повеќе се приближуваше, сѐ подобро го гледавме. Изгледаше како момче на 16 години, побел од снег, а сонцето така го исполнуваше што изгледаше проѕирен како кристал и многу убав. Стигнувајќи до нас ни рече: „Не плашете се, јас сум ангел на мирот. Молете со мене!“

Тогаш клекна, ја наведна главата до земјата и нè повика да ги повториме три пати овие зборови:

„Боже мој, верувам во Тебе, Ти се поклонувам, се доверувам на Тебе и Те љубам! Те молам, да им простиш на оние кои не веруваат, кои не Ти се поклонуваат, кои не Ти се доверуваат и кои не Те љубат.“

Потоа стана и ни рече: „Така молете! Срцето Исусово и Богородичното внимателно ги слушаат вашите молитви.“

Тие зборови толку ни се втиснаа во душата што никогаш повеќе не ги заборавивме. Од тој ден, поминувавме многу време спрострени на земјата и тие зборови ги повторувавме до умор. Им препорачав на Фрањо и Јацинта за тоа никому да не зборуваат, и му благодарам на Бог – го одржаа ветувањето.

После подолго време, за време на попладневниот одмор си игравме на бунарот на моите родители што го викавме Арнеиро. За тој бунар Вам Превозвишени, ви зборував во текстот за Јацинта. Одеднаш ја здогледав пред себе она иста појава. Ангелот, како што ми се чини, ни рече:

„Што правите? Молете, многу молете! Пресветите Срца Исусово и Богородичното имаат со вас посебни накани. Постојано принесувајте му на Бог молитви и жртви!“

  • „Како да се жртвуваме?“ – прашав.
  • „Било што можете да му принесете на Бог за жртва со накана за задоволување за навредите и гревовите кои луѓето му ги нанесуваат и за да измолите преобраќање на грешниците. Така ќе обзбедите мир во својата татковина. Јас сум нејзиниот ангел чувар. Ангелот на Португалија. Пред сè, со задоволство примајте го трпењето кое Господ ви го испраќа!“

Повторно помина некое време. Ги пасевме стадата на ридот за кој веќе ви зборував, на падината над Велинхос. Тоа е место со маслинки кое ние го нарекуваме Прегуеира. После оброкот одлучивме да отидеме на молитва во пештерата која се наоѓаше на другата страна од брегот. Требаше да се помине гребенот над Прегуеира, што не беше лесно овците да се изведат.

Штом пристигнавме таму, се спростревме на земјата и започнавме да ја молиме молитвата на ангелот:

„О, мој Боже, верувам во Тебе, Ти се поклонувам, се доверувам на Тебе и Те љубам…“

Не знам колку пати ја повторивме, кога одеднаш забележавме над себе светло. Се подигнавме за да видиме што се случува и го здогледавме ангелот како во левата рака држи чаша над која лебдеше бела Хостија. Од неа капеа капки крв во чашата. Ангелот ја испушти чашата која остана во воздухот, клекна со нас и ни нареди да повториме три пати:

„Пресвето Тројство, Оче, Сине, и Душе Свети, Јас Ти ги принесувам Телото, Крвта, Душата и Божанството на Исуса Христа присутни во сите дарохранителници во светот во надомест за навредите, светогрдието и невниманието со кои Ве навредуваат. Во име на неизмерните заслуги на Пресветото Исусово и Богородично Срце, Ве молам за преобраќање на кутрите грешници.“

Потоа ангелот се подигна и ја зеде чашата во раката и Хостијата, ја прекрши и даде најпрво на мене, а потоа на Јацинта и на Фрањо. Притоа говореше:

„Земете и пијте од Телото и Крвта на Исуса Христа кои страшно го навредуваат неблагодарните луѓе! Пружете му надомест за тие злодела и утешете го својот Бог!

Потоа повторно се спростре на земјата и со нас ја повтори три пати молитвата: „Пресвето Тројство…“

После тоа исчезна. Ние и понатаму останавме спрострени на земјата повторувајќи ги истите зброви. Кога најспосле станавме, забележавме дека е вечер и дека е време за враќање дома.

Фатимска порака: Луција говори/к.мк

 

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот