Обреди кои папата Фрањо ќе ги предводи на Пасхалната тродневница
Страсната седмица за Црквата е полна со духовност и обреди, што е видливо од обредите кои Светиот Отец ќе ги предводи посебно за Пасхалната тродневница. Вчера Папата во проповедта на светата Литургија ги поттикна верниците во текот на Страсната седмица да се преиспитаат: Кој сум јас пред Исус Кој трпи: Јуда или Киринеецот, Пилат или Исусовата Мајка, топлпата која го исмеа Исус или жените кои страдаат со Исус?
Тоа прашање ова недела ќе ги следи верниците, кога вистината на верата повеќе отколку во други моменти станува искуство на телото и крвта. На тоа искуство во текот на првата година од понтификатот папата Фрањо ја навикна Црквата поттикнувајќи ја да ја отвора вратата и да биде главна жила на маргинализираните, затоа што остатокот на светот безгрижно се сеќава само на други настани.
Страсната седмица е милосно време кое Господ ни го дава за да ја отвориме вратата на своето срце, својот живот, својата парохија – колку е тоа тажно – многу парохии затворени! – движења, здруженија да одиме во пресрет на другите, да им се приближиме и да им го донесеме светло и радоста на својата вера – рече Светиот Отец на генералната аудиенција на 27 март 2013 година.
Излези како што излезе Папата на перифериите кога на Велики Четврток минатата година наместо во величествената базилика Свети Петар, Литургија за Последната вечера Господова славеше во затворската капела и на малолетните затвореници им ги миеше нозете. И ова година Папата Литургијата за Последната Вечера Господова со почеток во 17.30 ќе ја слави во Центарот Света Марија од Провидноста и на штитениците на Фондацијата дон Карло Гночи ќе им ги мие нозете, а предпладне во базиликата Свети Петар со почеток во 9.30 ќе ја предводи Литургијата за посвета на миро.
На Велики Петок, Папата во базиликата Свети Петар со почеток во 17.00 часот ќе го предводи обредот на Маката Господова, а ќе проповеда отец Раниеро Канталамеса проповедник на Папскиот дом, по што Светиот Отец со народот на Колосеумот од 21.15 часот ќе моли Крстен пат за кој размислувањата ги напиша надбискупот Џанкарло Брегантини.
Често се задоволуваме со некоја молитва, ’расејана’ неделна Литургија, некои дела на милосрдието, но немаме храброст да „излеземе“ и да го носиме Христос. Помалку наликуваме на свети Петар, штом Исус започнува да зборува за маката, смртта и воскресението; за себедарувањето и љубовта кон сите, Апостолот го повикува настрана и го одвраќа – рече Папата на генералната аудиенција на 27 март 2013 година.
По саботниот молк, Молитвеното бдение ќе го осветли празниот гроб, а ќе го предводи Светиот Отец со почеток во 20.30 во базиликата Свети Петар. Тогаш можеби во совеста пред Бог и самите себе можеме да одговориме на прашање со сите прашања: Кој сум јас пред Исус кој трпи?
РВ/Д.И.