„Обороците на Марија“ хранат скоро 1,2 милиони деца

„Обороците на Марија“ хранат скоро 1,2 милиони деца

Скоро 1,2 милиони деца во 12 земји на четири континенти секој ден добиваат топол оброк благодарение на делувањето на здружението „Mary’s Meals“, „Оброците на Марија“ непрофитно здружение основано во 2002 година.

Скоро 1,2 милиони деца во 12 земји на четири континенти секој ден добиваат топол оброк благодарение на волонтерите кои се заземаат за да им овозможат и образование со кое пак можат да го победат сиромаштвото. Станува збор за делувањето на здружението „Mary’s Meals“, (Оброците на Марија) непрофитно здружение основано во 2002 година.

Нејзин основач е шкотлаѓанецот Магнус МекФарлејн – Бароу, кој во 1983 година со семејството го посетил Меѓугорје и тоа темелно го променило животот на неговото семејство. Десет години подоцна во почетокот на 90-тите слушајќи ги вестите за војната во Босна и Херцеговина одлучува со својот брат да замине за Босна и Херцеговина, носејќи помош на оние во потреба. Тоа било прво во серијата патувања кои тогаш започнале да се шират и во други земји каде што било потребно, посебно во корист на сиромашните деца обезбедувајќи, им барем по еден оброк дневно. Здружението формално делува од 2002 година.

Во тоа време здружението во рамките на мала програма со храна во едно училиште давала храна на 200 деца во Малави – рече за Радио Ватикан Франческо Стефанини, шеф на италијанската филијала на спомнатото здружение. По тој повод Магнус посетил едно многу сиромашно семејство со шест деца чија мајка починала од сида. Прашувајќи го најстарото дете четиринаестгодишниот Едвард кој е неговиот сон што сака за иднинатам момчето одговорило дека сака да има доволно храна за да може да посетува училиште.

Токму таа желба на момчето го поттикнува да го основа здружението кое на децата им обезбедува храна, но и останатите потребни средства како училишен прибор за да можат да се образуваат. Здружението „Оброците на Марија“ добила поттик од едно момче – рече Стефанини. Тој истакна дека името на здружението е вдахнато од Пресвета Богородица која била способна да го одгледа својот син и во сиромашни услови.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот