По молитвата Ангел Господов, Светиот Отец молеше за авганистанскиот народ и за населението во Соединетите држави погодено од ураганот.
По молитвата Ангел Господов на 5 септември 2021 година, Папата го спомена бискуп Мамерто Ескија, кој во сабота 4 септември беше прогласен за блажен во Аргентина, и се помоли за авганистанскиот народ, така што сите Авганистанци: оние во татковината, оние во транзит, како и оние во земјите што ги примија, можат да живеат достоинствено, во мир и братство со своите ближни.
Светиот Отец, исто така, ги вети своите молитви за населението во Соединетите држави, погодено од силниот ураган во последните денови, и испрати специјални честитки до своите браќа и сестри од еврејска вероисповед за еврејската Нова година „Рош Ха-Шанах“, и за двата празници: Јом Кипур и Сукот.
Споменувајќи го патувањето во Будимпешта, кое ќе се одржи следната недела по повод завршетокот на Меѓународниот евхаристиски конгрес и продолжувањето на патувањето во Словачка, тој рече дека овие денови ќе бидат обележани со обожавање и молитва во срцето на Европа. На крајот Светиот Отец потсети дека денес е празникот на Света Тереза од Калкута, која за сите е – како што рече – Мајка Тереза, и испрати честитки до сите Мисионерки на љубовта кои во целиот свет се псоветуваат во нивната херојска служба.
Ватикан њуз/к.мк