Обединетите Нации промовираат абортус за малолетници без согласност на родителите
Според неодамнешниот извештај на Организацијата на Обединетите Нации за населението, законите против абортусот, дозволувањето на сексуалните услуги и еднополните односи „ја ограничуваат слободатаи можностите на младите“. Во извештајот исто така се тврди дека младите од целиот свет – вклучувајќи ги малолетниците – треба да имаат неограничен пристап на контрацепција и абортус без согласност или без знаење на родителите, пренесува LifeSiteNews.
На адолесцентите особено им е потребна „итна контрацепција“, се вели во извештајот и се препорачува делење на презервативи по улиците како и ефикасен начин за промовирање на контролата на раѓање. За законите каде малолетниците кои сакаат да имат абортус, а се бара согласност од родителите, се тврди дека се „бариери за пристап на адолесцентите до информациите и услугите“ и дека ќе имаат пристап до „сигурни“ и „легални абортуси“ ако не мора да добијат согласност од родителите или законскиот старател.
Освен тоа, во документот се наведува извештајот на програмата на ОН за борбата против сида, кој законите про-живот ги нарекува „возрасна дискриминација“ и тврди дека го спречуваат „граѓанското учество“ на малолетниците и „нивната слобода да донесуваат слободни одлуки“, на „пристап до сексуалното образование“ и на „услугите за репродуктивно здравје“.
Организацијата на ОН за население меѓутоа остро е критикувана од многубројни организации заради промовирање на абортусот, истополните „бракови“ и контрацепцијата. „Накратко, во извештајот се тврди дека клучот за развој е да се осигури на малолетниците без надзор, неограничено, со јавно финансирање и пред сѐ, непрокреативно сексуално однесување“ – велат од Центарот за семејство и човечки права, додавајќи: Организацијата „претпоставува дека со наметнувањето на сексуалната анархија ќе обезбеди благосостојба на младите и на целиот свет.“ Ана Морс од Институтот за истражување на населението вели дека Организацијата на ОН за населението постапува спротивно од должноста за заштита на малолетниците, кои се особено чувствителни кога станува збор за сексуалната експлоатација.
РВ/З.А.