Обврските на папата Фрањо во октомври – меѓу Синодата и канонизациите

Обврските на папата Фрањо во октомври – меѓу Синодата и канонизациите

Во рамки на есенските случувања, Папата ќе учествува на втората седница на редовната Генерална епископска синода за синодалност, со света Литургија на 2 октомври на плоштадот Свети Петар со која ќе започне синодата и со завршна света Литургија во ватиканската базилика на 27 октомври. На 20 октомври ќе има света Литургија за канонизација на Мануел Руиз Лопез и 7 придружници, како и на Франческо, Муоти и Рафаеле Масабки; Џузепе Аламан, Мари-Леони Паради и Елена Гуера.

Епискоспкста синода и канонизациите се двата најистакнати настани кои особено ќе ја одбележат програмата на папата Фрањо во октомври годинава.

Второто заседание на Епископската синода за синодалност

Под заштита на ангелите чувари – на денот на литургиското одбележување, 2 октомври – во 9.30 часот на плоштадот Свети Петар ќе биде отворена редовната Генерална епископска синода, чија работа ќе трае три и пол недели, до 27 октомври, кога ќе заврши со евхаристиско славење во ватиканската базилика, со почеток во 10.00 часот. За време на есенската сесија, размислувањата произлезени од насоките содржани во Instrumentum laboris ќе бидат дискутирани и оценувани преку заедничко расудување и презентирани на Папата. Од овие размислувања – како што веќе објасни исусовецот отец Џакомо Коста, еден од специјалните секретари на синодата – ќе произлезат нови размислувања кои ќе го пренасочат животот на Црквата, на патот што го иницираше папата Фрањо во 2021 година.

Канонизации

Помеѓу тие два настани, отворањето и завршувањето на Синодата, на 20 октомври, плоштадот Свети Петар ќе биде домаќин на многу верници кои ќе учествуваат на светата Литургија за канонизација на блажениот Мануел Руиз Лопез и седум придружници од Редот на малите браќа и Фрањо, Муоти и Рафаел Масабки, верници, убиени од омраза кон верата во Сирија во јули 1860 година.

Меѓу новите светци ќе бидат и Мари-Леони Паради, основач на Конгрегацијата на Дружбата на малите сестри на Светото семејство и Елена Гуера, основачка на Конгрегацијата на Облатите на Светиот Дух. На тој ден, Мисионерите на Марија Утешителка, исто така, ќе дојдат во Ватикан за да го прослават воздигнувањето во чест на олтарот на нивниот основач, отец Џузепе Аламан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот