Н.В.П. монс. Киро Стојанов упати честитка до монс. Ѓуро Храниќ

Скопје, 19.4.2013 /к.мк/ – По повод именувањето на монс. Ѓуро Храниќ за архиепископ и митрополит на Ѓаковско – осиечката архиепископија и митрополија, Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија упати честитки во негово лично име, во име на духовништвото, како и од верниците католици во Македонија.

Изразувајќи ја радоста за именувањето за архиепископ и митрополит на Ѓаковско – осиечката архиепископија и митрополија на својот брат во епископската служба монс. Ѓуро Храниќ му вети молитвена поткрепа во одговорната пастирска служба – се вели во честитката на монс. Киро Стојанов.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<