Папата го именува надбискупот Еторе Балестроро, поранешен нунциј во Демократска Република Конго, за претставник на Ватикан во Канцеларијата на Обединетите нации и специјализираните институции во Женева, во Светската трговска организација (СТО) и во Меѓународната организација за Миграција (ИОМ).
Папата Фрањо на 21 јуни 2023 година, го именува надбискупот Еторе Балестроро за нов постојан набљудувач на Светиот Престол во Канцеларијата на Обединетите нации и специјализираните институции во Женева и во Светската трговска организација (СТО). Тој ќе биде и претставник на Светиот Престол во Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Монсињор Балестеро е роден во Џенова, долгогодишен дипломат, поранешен Апостолски нунциј во Демократска Република Конго. Во ова својство, тој го придружуваше папата Фрањо за време на неговото Апостолско патување од 31 јануари до 5 февруари во Конго. Неговата дипломатска мисија во африканската земја започна од Киншаса во јули 2018 година, откако ја водеше околу пет години Апостолската нунцијатура во Колумбија (од 2013 до 2018 година), за време на која го поддржа владиниот договор со герилското движење ФАРК за постигнување мир, потпишан во 2016. Како нунциј, тој го придружуваше Папата за време на неговото патување во латиноамериканската земја во 2017 година.
Откако стапил во дипломатската служба на Светиот Престол во 1996 година, монсињор Балестроро имал дипломатски функции во Кореја, Монголија и Холандија. Од 2001 година, тој работи во Државниот секретаријат, каде што бил именуван во август 2009 година од страна на папата Бенедикт XVI за потсекретар за односи со државите. Оваа функција ја извршува од 2009 до 2013 година.
Ватикан њуз/к.мк