Нов епископ во Долината Ниневеја

Нов епископ во Долината Ниневеја

На Синодата на Халдејската католичка Црква во Багдад за нов епископ во Алкош е избран Табет Хабиб Јусиф Ал Меко (45). Папата Фрањо го потврди изборот.

Ал Меко, теологија студирал во Рим, за свештеник е ракоположен во 2008 во Карамлеш во Ирак каде делувал како душогрижник до инвазијата на т.н. Исламска држава. Ги придружуваше христијаните бегалци во Ербил и потоа во 2017 година се враќа во Карамлеш каде како парох настојуваше повторно да ја изгради христијанската заедница. Покрај тоа студирал патрологија и теологија на Бабел колеџот.

Како коадјутор ќе помага во службата на епископот ординариј на Алкош Михи Пол Маквадаси (72), кој по пензионирањето ќе го наследи. Алкош се наоѓа на околу 30 километри северно од Мосул во Долината Нинивеја.

Папата Фрањо го посети Ирак во март ова година.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот