Нов ватикански набљудувач во ООН
Папата Фрањо го именува монс. Бернардино Ауза за постојан набљудувач на Светата Столица при Обединетите нации. Тој ќе ја преземе функцијата од монс. Чуликат, кој беше именуван од папата Бенедикт ХVІ и чиј мандат започна на 15 септември 2010 година.
Монс. Ауза е роден 1959 во Талибон, Филипини. Дипломатската служба ја започнува во 1990 од нунцијатурата во Магадскар. Во периодот 1993 -1996 беше сектетар во нунцијатурата во Бугарија, а потоа и во нунцијатурата во Албанија. Од 1999 до 2006 е во служба во државниот ватикански секретаријат, а потоа и во постојаната мисија на Светата Столица при ОН (2006-2008).
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан