Нови предизвици за катехистите во Европа
Новите предизвици за катехистите во Европа, новите медиуми, подготовката на црковните таинства и миграционите процеси беа главни теми на средбата на националните катехисти од 18 епископски конференции во Европа, што се одржа од 1 до 4 март на Малта.
На средбата беа дискутирани важни прашања и пред сѐ катекуменатот, со констатацијата дека во оваа сфера треба да се прави разлика меѓу првото навестување и ре-евангелизацијата, која се повеќе слабее, стои во завршниот документ на Комисијата за катехизам, училиште и универзите при Советот на европските епископски конференции, организатор на форумот.
„Во некои земји зголемениот број на катекумените е тесно поврзан со миграцискиот феномен и со промената во верата“, се чита во документот. Сѐ повеќе се зголемува бројот на мигрантите и бегалците со муслиманска вера, кои сакаат да бидат покрстени или да го прифатат христијанството. Овој феномен е многу комплексен и има длабоки корени во формирањето на верскиот идентитет. Во овие случаи предизвикот се состои во тоа да се спознае вистинскиот пат во верата од желбата за интеграција или дека новиот христијански идентитет може да помогне во добивање на документи или за бегалски статус“.
На средбата беше истакната улогата на социјалните медиуми и новите технологии во катехизамот кои овозможуваат развој на еден поинаков и креативен пасторалени модел кој е во согласност со промените. Пасторалниот работник е повикан да го разбере присуството на социјалните мрежи, како дел од својата мисија”, пишува во документот. „Распространетоста и влијанието на новите медиуми бараат вистинска инкултурација на новата генерација на млади, базирана пред сѐ со сослушување и на нов евангелски стил кој дава приоритет на заемното учество, меѓусебната продукција и заемната одговорност, а односот помеѓу катехистот и младите не е вертикален, туку хоризонтален“.
РВ/В.Н.