Нова Маала: Подготовки за денот на младите
Нова Маала, 10.6.2013 /к.мк/ – Во парохијата Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала во недела 9 јуни се одржа средба на младите за подготовка на Светкиот ден на млади. На средбата младите под водство на богословите од парохијата се поделиија на две работни групи, обработувајќи теми од христијанскиот живот. Една од темите ќе биде презентирана на средбата со млади од Струмица, Чанаклија и Новаа маала, која ќе се одржи на 12 јуни во Нова Маала.
Истиот ден се одржа и состанок на координативниот одбор за подготовка, при што е донесена предлог програмата за централниот настан на Светскиот ден на млади.
Категорија:
Македонија