Нова Маала: Духовна обнова за децата од основно образование

Нова Маала: Духовна обнова за децата од основно образование

Во склоп на Годината на Молитвата во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, во саботата на 18 март се одржа еднодневна духовна обнова за сите деца од основното образование, дружејќи се преку игра и молитва..

Овој циклус на духовни обнови во парохијата започна токму со најмалите, зашто токму тие се кои доаѓаат да бараат како да се молат (сп. Лк 11, 1).

Дружењето на најмладите започна и заврши со молитва (со света Литургија и Крстен Пат), помеѓу кои парохот о. Спасо Ристов и капеланот о. Ванчо Назов имаа духовни наговори, а децата поделени во групи разработуваа одредени теми, кои истите беа и презентирани. Освен духовниот дел, средношколците се погрижија за телесниот дел, подготвувајќи агапе за сите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот