Нигерија: Oткриена најголемата статуа на Исус во Африка
Стотици нигериски верници учествуваа во Абажа на откривањето на најголемата статуа на Jesus the Greatest (Исус Најголемиот) во Африка.
Висока 8.53 метри и тежина од 40 тони, статуата е изработена од бел мермер и е нарачана во 2013 од Обина Онуха, Генерален директор на нигериската нафтена компанија кој е ревен католик. Идејата за статуата, изработена во Кина, се раѓа во 1997.
Статуата на која е насликан Христос, бос и со раширени раце, е поставена до црквата „Свети Алојзие. „Величествената статуа ќе биде голем симбол на верата за католиците и за сите кои ќе поминат покрај неа“, рече на отворањето епископот на епархијата на Орлу, монсињор Августин Окуома.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија:
Свет