Не бивајте робови на обврските, туку робови на љубовта

Не бивајте робови на обврските, туку робови на љубовта

Вкочанетите се плашат од слободата која Бог ни ја дава; се плашат од љубовта – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 6 февруари во капелата на домот Света Марта.

Папата рече дека христијанинот е „роб на љубовта“, а не на обврските, а верниците ги повика да не со сокриваат зад строгоста на заповедите.

„Господи, Боже мој, Ти си многу велик!“ – Папата проповедта ја започна говорејќи за псалмот во кој Бог се фали поради неговите чудесни дела. Бог делува за да создаде величие на создавањето, а со својот Син делува за повторно да создаде соданија, со откупување – рече папата Фрањо присетувајќи се како некогаш некое дете го прашало што Бог правел пред да го создаде светот. Неговиот одговор бил: Љубел.

Отвори го срце, а не се сокривај зад строгоста на заповедите

Зошто Бог го создал светот? За да има некој на кој може да даде и со кој може да ја сподели својата полнота. А во повторното создавање, Бог го испраќа својот Син за „повторно да уреди, да обнови:“ од грдото да направи убаво, од заблудата, вистина, од лошото, добро. Исус вели: „Отецот мој постојано работи, затоа и јас работам;“ закониците на тие негови зборови се соблазнувале и сакале да го убијат – потсети Светиот Отец.

Зошто? Затоа што Божјите работи не ги прифаќале како дар, туку како правда: тоа се заповедите. Тие дури ги умножувале. Наместо срцето да го отворат за дарот, тие се сокривале и барале засолниште во суровоста на заповедите, кои ги умножиле до 500 и повеќе… Не знаеле да го прифатат дарот; дарот се прифаќа во слобода. Се плашеле од слободата која Бог ни ја дава; се плашеле од љубовта – рече Папата.

Христијанинот, роб на љубовта, а не на обврските

Евангелието вели дека сакале да го убијат Исус затоа што рекол дека Бог направил прекрасно дело како дар. Треба да се прифати дарот на Отецот. Затоа денес сме благодарни на Бог: „Господи, Боже мој, Ти си многу велик!“ Искрено Те љубам затоа што си ми го дал овој дар. Си ме создал и спасил. Тоа е молитва на пофалба, на радост; таквата молитва на христијанскиот живот му дава радост, а не затворена, жалосна молитва на луѓето кои никогаш не знаат да го прифатат дарот, затоа што се плашат од слободата која го донесува дарот. Единствено знаат да ги извршуваат обврските. Робови на обврските, а не на љубовта. Кога ќе станеш роб на љубовта, стануваш слободен. Убаво е тоа ропство – истакна Папата.

Да се запрашаме како го прифаќаме дарот на откупување и Божјата прошка

Еве две чудесни дела Божји: создавањето и откупувањето, односно повторното создавање – истакна Папата, а потоа запраша: Како го прифаќам тој Божји дар – создавањето? Го прифаќам ли како дар, ги љубам ли созданијата, го чувам ли создаденото? Создавањето е дар – рече повторувајќи:

Како го прифаќам откупувањето, прошката кои Бог ми ги дава; тоа дека ме посинува во својот Син, го прифаќам ли тоа со љубов, нежност, со слобода или се сокривам зад строгоста на затворените заповеди, кои стануваат се „потемни“ затоа што не ослободуваат? Секој од нас може да се запраша како го живее создавањето и откупувањето. Нека Господ ни овозможи да ја сфатиме неговата љубов кон нас и дека и ние можеме денес да кажеме: „Господи, Боже мој, Ти си многу велик!“ Ти благодариме – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот